Што ни останува на крајот од денот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување Време на започнување
да си легнам, и да не спијам =)
да расмислувам за сите работи за кои не сум имала време да мислам преку ден
да анализирам дали правилно сум постапила
и да мислам "што би било кога би било"

Немој толку да се оптеретуваш.:) Подобро би ти било да отспиеш добро па со нови сили да го започнеш утрешниот ден отколку да се замараш за тоа што би било кога би било - кога и така и вака веќе поминало и неможе да се врати. Важно е од грешките да извлечеш поука без многу замарање.:smir:
 
Себепреиспитување понекогаш и размислување што поминало, како поминало, дали се завршило добро или не, што ќе биде утре, кои планови ги имам и сл.
 
Да седиме на форум, после тоа мочкање и кревет одма.:toe:
 
Мојот омилен ден од денот кога можам да се ослободам и уживам во свое друштво.
Секогаш си велам- "Уживај додека можеш, наскоро ќе заспиеш :))"

Избегнувам да мислам на нештата што ми се случувале во денот, не сакам да ги анализирам и рециклирам работите во мојот омилен дел од денот. Едноставно и се препуштам на својата бујна фантазија која секогаш ме води во еден поубав и подобар свет...ахххх:pipi:
 
обично гледам тв, а во случај кога нема ништо интересно гледам в таван пробувам да не мислам на ништо и си лежам самиот со себе си
 
На крајот од денот го преиспитувам самиот тој ден и доаѓам до заклучок дека сум премногу уморна за да мислам и си заспивам. :toe:
 
На крајот од денот,легнувам и првите некои 15-тина минути оставам да ми се одмори мозоков од целиот ден.Потоа ми прелетува цел живот низ мисли,па целиот ден што ми се случувало и на крај се запрашувам дали сум задоволна вака?!?! И веќе пред заспивање за тоа што ме вознемирува и прави да не се чуствувам убаво,си ветувам дека утрото ќе го средам и се ќе биде ок ! И така целата сигурна и полна со верба во себе заспивам задоволна :pos: и се будам утрото и опп не ми текнува што се сум рекла дека ќе сменам :pipi:
 
Крајот на мојот ден е всушност утрото. Што би можел да правам во 6 часот наутро?
Го отворам прозорецот и уживам во свежината на новиот ден. :)
Немам некој посебен ритуал, обично мозокот ми е "на пасење" пред да заспијам.
 
цигара и дијалози со второто јас :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom