Што ни останува на крајот од денот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување Време на започнување
ДА ни биде криво што не сме напраеле нешо тој ден !!!
 
Па сега не ми останува ништо, освен да го баталам форумов и да си легнам.
 
Што останува на крајот на денот? Хммм...интересно прашање...остануваат спомени...значајни или не, пријатни или не...остануваат спомени:)
Останува и размислувањето дека веројатно утре ќе биде подобро од денес...
...дека утре ќе се смеам повеќе од денес...
...дека утре некој ќе ме сака повеќе од денес...
...и дека утре ќе пробам да им го развеселам денот на повеќе луѓе околу мене... :)
 
Чорапите.
Секогаш се наоѓаат на крајот од дневната ми плејлиста, свечениот чин наречен вадење чорапи.
 
Размислував темава да ја отворам во Философија и психологија, но мислам дека ако отворам уште некоја тема таму ќе ме натепаат :), па се одлучив да ја проширам и поедноставам малку темата.

Што ви се случува на крајот од денот?

Кога доаѓате дома, изморени, легнувате да спиете и ви прелетува некоја идеја за животот, за вас, за тоа како вие и животот функционирате заедно, за луѓето што ги љубите и итн.

Кој е најчестиот заклучок?

Дека сте среќни и задоволни?
Дека треба нешто да смените?

Или воопшто не сте ни способни да најдете време или пак да се замарате со ваквите прашања, како што со мене и моите емоции на крајот од денот?

Кога сме сами и нема потреба да се криеме од никој, освен можеби од сами себе.:smir:


СЕКОГАШ ОСТАНУВА УШТЕ НЕШТО!!!

Само толку. Кратко јасно и можеби двосмислено. Уште нешто! Затоа што секогаш има уште нешто што човек треба да направи. Единствено ништо на човек нема да му остане да направи само на еден ден, а тоа денот на неговата смрт. А можеби и тогаш има нешто? Којзнае?


Едитирано од модератор: Другар имаш опција да изменуваш постови. Користи ја, ова што го правиш ти со неколку твои постови еден под друг се нарекува спамирање.
 
Да се прекрстиме и утредента повторно да станеме од кревет - по можност со повеке среќа :smir:
 
Ни останува да се смееме за глупостите што сме ги правеле тој ден.
 
Или воопшто не сте ни способни да најдете време или пак да се замарате со ваквите прашања, како што со мене и моите емоции на крајот од денот?

Никако. Денес е способност да можеш да се исклучиш на крајот од денот и да се препуштиш на полнење на батериите. Особено покрај струењето на безброј информации, провокации, проблеми, предизвици и љубовни равенки. Животните прашања и филозофии има кога да се решаваат, особено кога имаш 17-18-20 години :pos2:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom