Што ни останува на крајот од денот?

  • Креатор на темата Креатор на темата Сатори
  • Време на започнување Време на започнување
Па крајот на денот не е некоја философија...Кога нешто ме притиска внатрешно, обично не можам да заспијам и ме фаќа некое депресивно чувство или страв. Баш затоа гледам да избегнувам многу размислување пред спиење, односно да си легнам уморна и одма да заспијам.
Утрото е побистро, моментот кога ќе се разбудиш, мн поубав од вечерта пред да заспиеш, едноставно пооптимистички размислуваш.
 
На крајот од денот обично размислувам за тоа кога утре(денес) треба да станам и што се ме чека од обврски, па исплашен од краткото време кое ми останува за да спијам се обидувам да заспијам што е можно побрзо.
 
Ноќта е најубавиот дел од едно деноноќие.... дури и се трудам да не заспијам одма, прво ги прелистувам сите страници од денот, размислувам за се` што ми се случило, и се молам наредниот ден да биде двојно порозов од веќе изминатиот.....
 
Секогаш МИ останува сонот, желбата за работа и надградување на мојата личност која утре ќе биде ниво повисоко. И сето тоа испреплетено со вистинската балканска смисла на живеење која тера на опуштање без размислување за евентуалните проблеми. Двете заедно, се моќна комбинација.
 
На крајот на денот оставам зад себе уште еден успешно преживеан ден во мојата животна историја... :)
 
На крајот на денот...правам ретроспектива на настаните, ми текнува дека утрото треба да станам за на работа , и дека целиов денешен ден утре ке го започнам од почеток со нови измени се разбира.
Да си кажам самата на себеси дека сум најдобра, дека можам и подобро и да тргнам кон подобри мигови......
Да си спомнам колку сум срекна што имам онолку колку што ми е доволно...бидејки некој нема ни толку , а тоа многу ме растажува....
Легнувам...некогаш срекна , а некогаш тажна....
Но, животот оди понатаму, зар не????
 
На крајот на денот.... ништо посебно, спијам. Не размислувам, онака, намерно, да го сумаризирам денот и да направам план за утре. И затоа сте ми сите многу чудни:baeh:
 
На крајот на денот најтурбо ми работи мозокот, тогаш се раѓаат сите идеи, сите фантазии, размислувам за нешта што се случиле денес и многу денови претходно, размислувам за тоа какви би биле нештата кога не би биле вакви, си создавам свој свет во некое катче од мозокот и го живеам со затворени очи пред да заспијам.

Тоа време, дур чекам да ме фати сон, размислувам за толку многу нешта што мислам дека да живеев во некое друго време под други околности и да ме влечеше наука, ќе измислев струја или пеницилин некоја таква вечер, како многу други, кога со саати не можам да заспијам. :)

И не ми текнува да имало ден кога сум се вратила дома на крајот на денот да сум го пуштела мозокот на пасење и да не размислувам за ништо... Секогаш сум полна со впечатоци, добри или лоши, во зависност од денот. Не правам многу планови, јас сум повеќе накај минатото него накај иднината. :)
 
Na krajot na denot ne razmisluvam za izminatiot den skoro nikogas.Epten nesto ekstra pozitivno ili negativno ako mi se slucilo.Ne razmisluvam ni za smislata na zivotot.Ponekogas planiram nesto za naredniot den i koga ke zvatam deka pocnuvam da tupam ili da se ufilmuvam si velam"aj sega spijam" i probuvam da zaspijam.:)
 
Последниве денови, само легнувам да спијам.
Потребата за размислување ми ја задоволуваат преку денот.
 
Крајот од денот за мене е најубавиот период.
Тогаш можам да се вратам назад низ страниците на животот и да кажам
Задоволна сум од себе,од луѓето кои се околу мене,од нештата кои ми се случуваат.Задоволна сум од животот.
 
кога сум веќе во кревет, си се сеќавам на тоа што поминало во тековниот ден, дали нешто сум пропуштил да направам, што не сум можел да направам, што било, како било.... и потонувам во сладок сон исполнет со секакви сонови...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom