Што не` прави нормални

  • Креатор на темата Креатор на темата Apokalipto
  • Време на започнување Време на започнување
Нормален? Ај со клише - Лудоста твоја да се вклопува со лудоста на другите.
Околината дава мерка што е нормално а што не. Ти во себе може да сметаш дека си нормален но ако околина не го смета тоа тогаш ти си хмм ненормален. Просто околината ти суди. Колку она ги има стандардите високо или ниско така и тебе ке те оценува.
 
Денес е нормално да си ненормален.

Тоа е најновиот критериум за нормален човек.
 
Нормални сме ако се однесуваме и облекуваме како мнозинството, но тоа не значи дека е нормално воопшто туку само како дел од одредена култура или субкултура. Она што не личи на ништо се прогласува како ненормално само затоа што не е општоприфатено.
Една женска да беше на светот облечена во минич со гол стомак и цицки на послужавник сите ќе ја сметаа за курва, но општоприфатеноста на еротската мода креирана од креаторите на таканаречената уметност на заведување, сето тоа направи да биде нормално.
ме зачуди еден новинар кога ја праша една забулена муслиманка што ќе се случи ако ви ја симнат шамијата...јас би рекол, исто она кога некоја во минич некој би и ја симнал сукњата.
 
Сите оние кои што прават ненормални работи, не прават нас нормални. Како инаку би знаеле што е тоа нормално?
 
Сите оние кои што прават ненормални работи, не прават нас нормални. Како инаку би знаеле што е тоа нормално?

Општеството ја пишува дефиницијата за нормалност.
 
Денеска нема некој архитип кој укажува што или кој е нормален.

Имаме испомешан систем на морални вредности. Глобализација јбг.
 

Тачно, ама сепак, кога во едно поголемо општество (да неречам светот, ама реков) би било нормално да се шеташ гол по улица, тогаш тоа е нормално. Иако за тебе е ненормално. :)
На пример, во ирак мирак натаму тие запустените, нормално е на крадците, ако ги фатат, да им исечат рака и нога. Што кај нас тоа би било мноогу ненормално. :)
 
Сите оние кои што прават ненормални работи, не прават нас нормални. Како инаку би знаеле што е тоа нормално?
A што според тебе се ненормални работи?

Еве мое гледиште на темава:
Нормалност е сето тоа што го прави мнозинството од светот. Ако пред илјада години сите почнале да шетаат голи, голоста денес ќе беше нормална работа, ама не почнале и сега не е нормална.
За постарите генерации на луге, денешните батки се ненормални. Кога збориш со некој 90 годишен дедо, одма ќе ти каже дека децата денес се ненормални. Така да за 100 години и ние ќе викаме дека идните генерации се ненормални. Нормалноста е релативен поим и зависи и од времето во кое живееме и од нивото на свест на населението.
Иако живееме во исто време, нормалноста во Холандија е ненормална за Македончето. Изгледа свесна им еволуирала порано.
 
Нормален веројатно значи конформирање со стандардите, т.е. однесување кое е општо прифатено во општеството. Јас така гледам на ова.
 
Општеството ја пишува дефиницијата за нормалност.
А кога тоа извеле некој на улица и рекле, е овој е нрмален вака треба. Ми се чини секогаш дефиниците се извлекуваат врз основа на она што е ненормално и како не треба.
 
E! Кога ја видов темава се наежив!
Последниве неколку дена су отепав од читање дефиниции што е нормално и заклучив дека никој не е нормален!
Тоа што се смета за нормално и здраво (целосна физичка, психичка и социјална благосостојба) го нема никој.
Значи таа дефиниција отпаѓа.
Исто ми отпаѓа и дефиницијата дека нормален е оној која дава најголем придонес на општеството.
Глупа дефиниција.:tapp:
Се слагам само со тоа дека нормална личност е онаа која активно владее со средината која правилно ја перцепира.
Ериксон сwценце:back:
А средината е всушнос општеството, а општеството е претставено од мислењето и убедувањето на мнозинството,а мнозинството го прави просекот што значи дека да си нормален значи да си просечен!
 
A што според тебе се ненормални работи?

Еве мое гледиште на темава:
Нормалност е сето тоа што го прави мнозинството од светот. Ако пред илјада години сите почнале да шетаат голи, голоста денес ќе беше нормална работа, ама не почнале и сега не е нормална.
За постарите генерации на луге, денешните батки се ненормални. Кога збориш со некој 90 годишен дедо, одма ќе ти каже дека децата денес се ненормални. Така да за 100 години и ние ќе викаме дека идните генерации се ненормални. Нормалноста е релативен поим и зависи и од времето во кое живееме и од нивото на свест на населението.
Иако живееме во исто време, нормалноста во Холандија е ненормална за Македончето. Изгледа свесна им еволуирала порано.

Ненормални работи се оние работи за кои што на одредено место во одредено време ќе одговараш според законите кои го санкционираат она што го правиш, а е дефинирано како ненормална работа во тоа место и во тоа време, без разлика дали свеста ти е развиена или не. Да се послужам со твоите примери. Ако Холанѓанец во Иран направи прељуба ќе биде јавно каменуван, а во најлош случај и убиен, без разлика на неговата „напредна“ свест. И обратно Иранец може да врши прељуба во Холандија и да нема проблем.
 
А кога тоа извеле некој на улица и рекле, е овој е нрмален вака треба. Ми се чини секогаш дефиниците се извлекуваат врз основа на она што е ненормално и како не треба.

Пак е тоа дефиниција напишана од општеството, врз која основа не е и толку битно. :)

E! Кога ја видов темава се наежив!
Последниве неколку дена су отепав од читање дефиниции што е нормално и заклучив дека никој не е нормален!
Тоа што се смета за нормално и здраво (целосна физичка, психичка и социјална благосостојба) го нема никој.
Значи таа дефиниција отпаѓа.
Исто ми отпаѓа и дефиницијата дека нормален е оној која дава најголем придонес на општеството.
Глупа дефиниција.:tapp:
Се слагам само со тоа дека нормална личност е онаа која активно владее со средината која правилно ја перцепира.
Ериксон сwценце:back:
А средината е всушнос општеството, а општеството е претставено од мислењето и убедувањето на мнозинството,а мнозинството го прави просекот што значи дека да си нормален значи да си просечен!

Релативитет, никој не е перфектен. Доблести и маани.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom