Што може да ви го расипе денот?

  • Креатор на темата Креатор на темата schtranga
  • Време на започнување Време на започнување
Да ми расипе ден може некоја блиска особа со некој лош муабет или ако самата не сфаќа колку е нервозна и колку таа негативна енергија ја пренесува на другите а не си дозволува самата да се расположи.
Некоја песна која доловила како во моментот се чувствувам... Некоја опасна балада.
Мајка ми , брат ми ... Самата јас :uvo:
 
Некој што го пика носот во мои лични одлуки а не го засега апсолутно ИЧ! Не вреди да се нервираш за будали, но понекогаш едноставно мораш!
 
мајками коа ке почне да замара ...
 
Да те викнат на разговор за работа кога си во странство на одмор. :)
 
Дефинитивно сабајлечко крекање на деца од класот во 7 ипол!
 
Последнава недела расположение успеваат да ми расипат најглупавите ситници кои иако се мали, сепак мноооогу ми пореметуваат планови.
 
Денот највише може да ми го расипе дефинитивно пораз на Челзи во фудбал , премногу сум приврзан за тимот што и следниот ден ми се уништува со тоа.
 
Коа ќе се разбудам првото што ќе го видам да е пороен дожд, и уште да е топло па да морам со старки што пропуштаат да идам накај факултет. Да се разбудам пола саат пред да почне предавањето. Да ми преречат нешто од дома уште посабајлечки. Да се искарам со дечкото. Да слушнам дека нешто не сум положила за еден поен. Да ме навреди некој чие мислење го ценам. Да се искарам со вујко ми поради недоразбирање. Има многу, ама не ми се мисли на лоши работи :)
 
Луѓе.
На фејсбук , на „журка“ , на „утринско кафе на ленинова“ .
И тмурно време.
 
Мене денот може да ми го расипе ноќта
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom