Што може да ве разочара?

  • Креатор на темата Креатор на темата Луси
  • Време на започнување Време на започнување
Се разочарувам кога некој крие нешто од мене,а нема никаква причина за тоа.
Се разочарувам од луѓето кои што упорно се мешаат во туѓите животи и се ситат на туѓата болка зошто немаат попаметна работа.
Неможам да се пожалам на пр. од тоа дека некогаш нема кој да ме ислуша,затоа што на моја огромна среќа си имам 4 најдобри другарки кои што секогаш знаат да ми помогнат за се. Ве обожавам кравички мои :pipi:
Се разочарувам кога послем голем труд,работите доаѓаат пак на нудата е тогаш пукам од мака :nesum:.
Ме разочарува секој кажан збор кој што е лага и стварно боли...Многу.
Отприлика тоа е тоа...Не ми текнува ништо друго во моментов :toe:
 
Еве моментално сум разочарана зашто нема да се видам со дечкото и мн сум нервозна :(:nesvest::kesa:
 
Кога го јадем баскет на 2 разлика. Не се разочарувам ама прскам од нервоза xD посебно ако ја усрал некој од мој тим.
 
Кога ќе ме заебе некој во кој сум имал доверба,ретко ми се случило ова ама сепак се има случено и многу глупо чувство ми е.
Исто утакмица кога ќе изгубам у последен напад-БЕДА.
 
Ваквите периоди кога се' повеќе ја губам самодовербата и правам непромислени грешки...
 
Злобата, лицемерието, нефер односите, лагата, очајните обиди на некои луѓе да се претстават себе си во нешто што не се...
Глупавоста, неамбицијата, малициозноста...Песимизмот ме раочарува кога е континуиран.
 
Неуспрех и одбивање, нешто друго тешко
 
Учичиште, компјутер и телефонот... :tapp: ( колку се само пари дадоа... али веке од мкд ништо не зимам. )
 
Училиште , компјутер , љубов...:nesvest:
 
Па, може да ме разочараат најчесто луѓе кои ми значат и за кои имам одредено мислење, а тие со одредено однесување тотално го менуваат мислењето.... исто ако чујам зборови кои не сум сакала да ги слушнам исто така од најблиските и од луѓето кои најмн ми значат тогаш знам да се разочарам.... тие периоди на разочарување не ги сфаќам посебно трагично , продолжувам напред со сменето мислење за личноста која ме разочарала и нормално неможам да сметам на неа понатаму во животот.
 
Интуицијата која што ја имам во моментов.
Кога знам дека нешто лошо и непожелно ќе се случи, полошо разочарување од ова нема, подобро е да се случи нешто него само да блеам во тестатурата и да знам дека не можам ништо да сменам.
 
Да не влезам на факултетот за Психологија. Е поише од тоа не би можела да бидам разочарана
 
Од најдобрите другарки!
Кога најдобрите другарки што ги знам 11 години ќе ме шитнат за некој дечко:nerv:
Се разочарувам до бескрај.А најгадно е кога ке ти рече не идам никаде ке седам дома, а утре гледаш слики по сајтовите од неа и дечкото.Епа тоа ме разочарува до немај каде.Сепка, после толку многу разочарувања од нив, се прашувам вреди ли да се дружиме уште?!
 
Ме разочаруваат другарките со нивните постапки се прават дека се паметни а уствари си го уништуваат животот.
 
Се разочарувам кога гледам дека иако сум вложила многу труд, сум се вложила себеси во нешто, никој не го цени тоа.
Се разочарувам кога ќе дознаам дека некоја личност ме правела будала долго време. Но не се разочарувам од него/неа, се разочарувам од самата себеси, затоа што сум била слепа сето тоа време додека ме лажел/а.
Но највеќе се разочарувам кога ќе ме заебе некоја личност за којашто сум сметала дека стално може да биде тука за мене. Прво, се разочарувам од дотичната особа, затоа што ме оставила на цедило, после од самата себеси, затоа што сум дозволила особа која не е вредна да биде мој/а пријател/ка.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom