Што може да ве разочара?

  • Креатор на темата Креатор на темата Луси
  • Време на започнување Време на започнување
Може да ме разочараат одредени ситуации во кои не сум успеал да се изборам за нешто, лица кои што се обидуваат на сила да постигнат нешто, непочитување, очај и арогантност :helou:
 
Најчесто од луѓето... [кои свесно или несвесно те повредуваат ] :toe:
 
ме разочаруваа злоба и лага посебно ако доѓа од некој кој ми значи и го сакам уффф...
 
6 години играм прва постава и заради татин син да бидам 2ра постава и прво полувреме на клупа:nerv::nerv::nerv::nerv:
 
Битие не може да ме разочара ако не го познавам доволно добро за да сум убедена дека може да си ја постигне целта или сл. Тоа не го прифаќам трагично водена по поговорката дека сите луѓе грешат, и може да се случи секому да постапи лошо или сл.
Највеќе се разочарувам од себе. Кога нема да си ја постигнам целта, кога нема да постапам правилно е најлошо, се изневерувам себе си. Често ми се случувало да плачам, а потоа паѓам во депреција. Не чувствувам ништо околу себе, како веќе да немам сетила, врска со надворешниот свет. Тогаш сите мислат дека размислувам, всушност тогаш ниту една мисла не ми проаѓа низ главата. Тука помага факторот време кој ќе ме натера да ги отворам сетилата кога бурата ќе се стиши. Тогаш сум преродена, како мало дете, пак да дознавам за се околу мене и почнувам да ги гледам работите од друга перспектива.
Инаку, може да ме разочараат уште 2-3 личности. Тоа би биле некои од моите најблиски. Одамна сватив дека тие не се најсовршените луѓе како што сум мислела, тоа на некој начин ме разочара. Фала богу сеуште не се случило да се разочарам од нив, ниту го сакам тоа.
 
Од ништо не сум разочарана, освен од самата себе.
Кога сум како сега, во лоша состојба за која сум свесна, и се гледам како таква, и не можам да си помогнам.. Никако. Е сега сум разочарана. Се осеќам беспомошно.
 
Во моментов ме разочарува (а знам дека така ќе биде и во иднина) ставањето маски пред сопственото лице и глумење една сосема нова улога. Болно е кога во тој момент на креирање на новиот филм, зад оној кој става нова маска ти ја добиваш споредната улога, знаејќи дека во претходниот секогаш си бил главниот херој кој го спасувал денот. Всушност, новиот лик не би бил лик ако нема публика. Епа публиката овој пат е разочарана.
 
Во моментов ме разочарува (а знам дека така ќе биде и во иднина) ставањето маски пред сопственото лице и глумење една сосема нова улога. Болно е кога во тој момент на креирање на новиот филм, зад оној кој става нова маска ти ја добиваш споредната улога, знаејќи дека во претходниот секогаш си бил главниот херој кој го спасувал денот. Всушност, новиот лик не би бил лик ако нема публика. Епа публиката овој пат е разочарана.

Додади го на ова фактот што новата маска ама воопшто не одговара и се` е провидно и лажно, како да кажам, дури научна фантастика на моменти. Џорџ Лукас би можел да подзавиди. Нели? Те сфаќам што сакаш да кажеш.

Освен лажењето мене може да ме разочара и некој да ме прави мутава и вчера родена, а знае дека го/ја (небитен полот на личноста) сакам најмногу на свет и не сака да му биде помогнато. Па мајке ми, не сум од вчера. Не значи дека ако некои финти успеваат кај луѓе кои се среќни со нивните 2 грама мозокот, ќе успеат и кај мене.
Полека малку.
 
„Продавање“ за материјални нешта...
 
Најчесто сум разочарана од посебни и деликатни работи во животов каде немам апсолутно никаква моќ да ги променам. Се чувствувам на некој начин виновна бидејќи немам никакво влијание врз нив, а со тоа се разочарувам и од себе си.
 
може да ме разочара ова

од прес на сдсм

``СДСМ:Совпаѓањето во изјавите на Црвенковски и Бакојани е здрава логика``
 
Се разочарувам кога ќе си поставам некои цели за одредено време, и нема да ги исполнам...тогаш губам желба за се и незнам што да правам со себе...се осеќам ко неспособна..
 
халуцинација на ситуации и најчесто надежта
 
Ме разочаруваат личности што и покрај тоа правиш се за нив, враќаат на најлош можен начин, никогаш не се тука кога тебе ти треба. За жал ова кај мене се случува многу често летово, една од причините поради која чекам ова пропало годишно време да заврши што побрзо.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom