Не сум имал вакви случаи, главно зашто не сум имал многу другари и другарки... Но, во секој случај, зависи од ситуацијата.
1. Имено, ако јас сум сам, т.е. не во врска и ако девојка ми каже „те сакам“, мојот одговор би бил „А физички?“ и ако се збуни, ја носам во кревет. Ако се вцрви, ја носам во кревет. А ако само сакала да се истакне, ова ќе ја одврати и нема да ѝ текне пак нешто такво да каже. Ова е сè под услов да ми се допаѓа девојката.
2. Ако не ми се допаѓа, одговорот би бил „не знам дали јас тебе те сакам, ниту дали можам да те сакам, но дали би сакала да се обидеме да се заљубам во тебе? Ако да, кревет.“ Од моја страна, ќе има секс, за разлика од немањето, а од нејзина страна исто (и тоа со човек кого смета дека го сака). А кој знае, може да испадне ѕверка во креветот.
3. Ако е апла непривлечна, ќе ѝ кажам „Ау. Тоа е голем комплимент. Заслужуваш да те честам пијачка“ и би ја честел. Тогаш би разговарале зошто таа така мисли, што ја навело тоа да го каже... Може да испадне дека ни таа тоа воопшто не го мисли, туку едноставно чувствува потреба да го каже *некому* и да не биде исмејана или повредена. Со самиот факт што ќе ја изведам надвор, таа веројатно ќе сфати дека повеќе од тоа не може да биде и нема веќе да се потруди кај мене. Но! Можеби ако јас повеќе ја запознаам, повеќе ќе ми се бендиса, т.е. ќе откријам некои работи кај неа што не сум ги знаел и со самото тоа таа мене ќе ми стане привлечна. И ако и понатаму ми кажува „те сакам“, одам на точка 1.
4. Ако сум во врска, би ѝ рекол „И јас тебе те сакам, и би те одвел во кревет одма, ама прво треба да ја прашам девојка ми, бидејќи таа е со мене и има право да знае.“ Многу често ова е доволно за да сфати дека сум во врска која не сакам да ја расипувам и да почне да бара на други места.