Што ја одбележа фудбалската 2015та?

  • Креатор на темата Креатор на темата Dani
  • Време на започнување Време на започнување

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.823
Поени од реакции
60.271
<Вовед>

- Изненадувањето на годината. Лестер заедно со Варди и Марез.
Кој очекуваше ваква сезона од екипата која едвај се избори за опстанок во ПЛ?
CWQWHmcWwAAX-XN.jpg


А кој очекуваше толку лоша сезона од Челзи?
- Отказот на Мурињо. Да...и на Ева :D
Carneiro_1_3402381a.jpg


- Јирген Клоп го замени Роџерс во Ливерпул
2D3B9EF100000578-0-image-a-21_1444474603989.jpg


- Чиле за прв пат победници на Копа Америка
chile-copa-america-champions_3321803.jpg


- Ballon d'Or 2014 во рацете на Роналдо

- Роналдо стана најдобар стрелец на сите времиња во Реал Мадрид, откако ја надмина бројката 323 погодоци, колку што имаше постигнато Раул.
cristiano-ronaldo-real-madrid-record-raul-bernabeu_3358549.jpg


- Атлетик Билбао беше освојувач на шпанскиот Супер куп. Изненадувачки, втора сезона по ред овој куп добива победник кој не е Барселона или Реал Мадрид.
293872_85634985.jpg


- Претходно Билбао беше поразен од Барселона во финалето на Копа дел Реј, а момент на вечерта беше соло пробивот и голот на Меси

- Барселона беше освојуваш на Лигата на Шампионите, совладувајќи го Јувентус со 3-1.
Уште еден мајсторски потег на Меси, во полуфиналето против Баерн го преплави Интернетот. Верувам Боатенг добро ќе го памети.

- Од трансферите би го издвоил трансферот на Марсијал. Многу го оценија како panic buy, како преплатен играч... додека не дебитираше против Ливерпул :D Рамо до рамо им застана на Вилсон, на Македа, на Битнер и кој беше друг :D

- Фрката за потписот на Давид Де Геа

- Заминувањето на Икер Касиљас од Реал Мадрид
a19f78c41fd05ef128c1e118e1e56ea6d4f1730342449f494b212b6b7ed4c4f1.jpg


- Петте гола на Левандовски против Волфсбург во рок од 9 минути, за комплетен пресврт на наптреварот

- Десетте гола на Реал Мадрид против Рајо Ваљекано. После долго време во големите лиги некоја екипа да постигне 10 гола на еден натпревар.

- Селфито на Тоти


И има уште многу што да се пишува, но за почеток е доволно. Да ја оставам жива темата :D
Продолжете...
 
број 1 => чудото наречено Лестер
надолу се сите под чуда на Лестер сезонава, вклучувајќи ги Варди и Марез како главни играчи... Варди до пред две сезони играше во општинска лига север, а сега е најдобар стрелец во Премиер Лига... Марез го купија за пола кило златен микс (индиски ореви, бадеми и ф'стаци) и сеа вреди десет пати повеќе...

од останатите рубрики издвојуваме Роналдо најдобар стрелец во историјата на Реал Мадрид, Мурињо special sacked one и "тепачката" со Ева, и апсењето на ФИФА и УЕФА мафијата...
 
. Марез го купија за пола кило златен микс (индиски ореви, бадеми и ф'стаци) и сеа вреди десет пати повеќе...
Значи сега вреди 5 килограми златен микс.
 
Џабе ви е све ова. Мене ми ја одбележа тоа што мртвине Хрвати го презедоа Спорт Клуб. Наместо да го слушам Вишко, сеа слушам некој тип што сакал да се запише на медицина, од дете се замислувал како доктор, им правел „диши-диши“ на сите другари, ама пошто едвај со двојки проаѓал у средно морал да иде на новинарство, па завршил ко спортски коментатор и преку кур му е од животот, работата му е монотона, секоја утакмица бавно го убива, а стресот го истура врз жената и децата дома после работа.

Јебем вас и вратари и браничи и лопта се зракопрцала и све!
 
@RickyLFC9 не мора да гледаш таму, пушти си стрим и гледај си со англиски коментатори кои знаат да коментираат.

Он: Мене годинава значајно ми беше тоа што Венга конечно го кресна Хозе.
 
1. Доаѓањето на Тандер во Манчестер.
2. Рушењето рекорди на ФФМ.
3. Мафиата наречена ФИФА, УЕФА на чело со бос Мишел Платини и Сеп Блатер.
 
Јувентус ја освои 10та титула во Италијанскиот куп и е прв со сребрена ѕвезда...
 
Падот на Челзи и отказот на Мурињо ја одбележаа оваа година, за жал (n)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom