Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Органска Хемија,Модерна физика,Неорганска хемија и Астрономија(ова се преведените книги од В на Р.М) но сепак со мерак ги читам.
 
Падот - Алберт Ками (The Fall - Albert Camus)
Ја земав у април на ова саемов шо беше и се се туфкам да ја читнам и се решив завчера.
Докај 45 сум и воодушевена сум. Лани ја читав Недоразбирања од него и не ми се допадна затоа што е копија на Парите се отепувачка
оваа ми се виде ок а сега и повеќе од ок. Се работи за него самиот нешто како исповед само претставен преку др лик Жан Баптист кој е судија-грешник
Признава дека дели правда а самиот е неправеден и неморален. Ја раскажува својата сладострасност, љубовта кон коцката, пасијата кон жените и апсурдноста на постоењето.
Ќе им се допадне на сите оние кои се љубители на филозофирањето и психолошките описи на еден лик.
 
"Илјада неверојатни сонца" - од Калед Хосеини.

Одлична книга за јачината на жената во Авганистан. Доста емотивно дело засега.
 
Тибетска книга на животот и смртта.
Многу смрт во делот кој треба да се фокусира на животот :)
 
„ Страници за нашата љубов ’’ - Николас Спаркс. Како и секое дело на Спаркс, полно со емоции. Двајца заљубени не можат да бидат заедно поради разликата во сталежот и родителите на девојчето го носат далеку од момчево. После 14 години се сретнуваат пак и се спојуваат иако таа е свршена. Прекинува таа со тој и се венча со љубовта на нејзиниот живот. Имаат 5 деца од кое едното за жал им умира. И покрај се имаат прекрасен живот. Таа станува познат уметник и нејзините дела висат насекаде низ музеите. На крај завршуваат во старечки дом и двајцата со свои болести. Жената ќе има Алцхајмерова болест, а тој ќе има рак и плус нешто ќе има проблеми со самото тело. Покрај неговата болес животот ќе му биде отежнат поради заборавањето и халуционирањето на неговата сопруга.Премногу емоции во едно дело.
 
Катедрала на морето од Илдефонсо Фалконес.Прекрасна книга,ме воодушеви едвај чекам да ја прочитам до крај.
 
Сим Кера - Ја гледаме Месечината се` додека не ослепиме.

Волшебно сирово.
 
После зилијон години трагање, наидов на „Негирање“ од Кит Аблоу. По препорака, на почетокот, сеуште е рано да дадам оценка. Психолошки роман. Толку за сега.
 
Паѓањето - Алберт Ками, убав роман, краток, лесно се чита. Импресии, подоцна!
 
Достоевски-Од подземјето до Богочовекот

Сите што се интересираат за Достоевски, но на вистински, длабок, истражувачки начин, обврзно да ја прочитаат оваа книга на Трајче Стојанов-Достоевски:од подземјето до Богочовекот! Каков стил, каква длабочина на мисла, колку оригинални и свежи идеи има оваа книга, тоа е чудесно. Не сум сретнал нешто друго од овој автор по книжариве, ако некој знае за некоја друга книга од овој автор ве молам информирајте ме обавезно!

--- надополнето ---

 
Разговор со Спиноза- Гоце Смилевски

Почетокот ветува...

И крајот исто така.
Интересен роман, во кој Гоце, читателот го става во улога на активен учесник во приказната обезбедувајќи му на Спиноза другар кој ќе му биде при рака во самотијата, со која се соочувал цел живот. Патем искористува интересен начин, низ дискусија со Спиноза да го запознае читателот со неговата филозофија и живот. Се на се вреди да се прочита, посебно ако филозофијата како наука ви привлекува интерес.
 
Само што завршив една книга за Достоевски од еден наш автор:Трајче Стојанов, Достоевски:од подземјето до Богочовекот. Книгата е фасцинантна - каков јазик, каков израз, каква длабочина на мислата, вриеш од идеи. Навистина одлична анализа на философските аспекти во творештвото на Досотевски. Топло ви ја препорачувам на сите! Ако видите нешто друго по книжариве од овој автор, ве молам пишете ми!
 
Оркански височини - Емили Бронте
Книгава ја читам повеќе од две недели, кога имам слободно време, а причината е тоа што ми е многу досдна иако е пишувана на лесен, допадлив стил со убаво одбрани зборови и многу експресивна сепак не се слушува ништо интересно што би ја разбудило фантазијата книгава да ја почнеш и да не ја оставиш до крај. Во секој случај добра е за тепање време.. и се мислам дека летово требаше да ја поминам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom