Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Точка на измама - Ден Браун. Ја завршив пред некој ден и ми остави многу добар впечаток. Морам да ги најдам и другите од Ден Браун.

Иначе моментално читам Математика 2, аналитичка геометрија во простор.:tapp:
 
Мери Попинс серијалот.
Аххх, требаше ова да го направам кога бев дете ... :pipi:
 
Космичка мисија Маја - Семир Османагич.
Интересна книга.Шета писателот низ археолошките локалитети низ Средна Америка и ги раскажува неговите патешествија и ’’оправа’’ за Маите.
 
Мајсторот и Маргарита - Михаил Булгаков
Јака книга :vozbud:
 
Одисеја 3001 ама се Зае. требаше прво 2001 па 2010 па 2061. Вака лошо почнав, од крајот мислејќи дека ги паметам од пред иха-хаха години :)
 
Оркански височини - Емили Бронте , ја завршив и сега сум на
Џејн Ер - Шарлот Бронте ...обожавам period drama novels :love1:
 
Читам една подебела книга, се некои имиња и бројки се вртат воопшто не ми е интересна. :toe:
 
"Брокер" -Џон Гришам

одлично адвокатско трилерче, ми се допаѓа стилот на пишување на Гришам.
 
"Оркански височини". Ич не сум по љубовни книги (Notebook од Николас Спаркс одвај ја издржав) и оваа е единствениот исклучок, сега за сега. Преубаво, безвременско дело. Не може да не ве освои. Немам зборови, едно од моите омилени четива.
 
Моментално ја читам „Последниот Чај“ - Винка Саздова.
Интересна книга, нешто слично на „Јади, Моли се и сакај“ - Елизабет Гилберт.
За пронаоѓање на самиот себе, за патувањето во Индија и за се што и се случува таму.
 
Мајка од Максим Горки, социален-психолошки роман. Се зборува дека книгава лично ја нарачал да биде напишана Ленин за целите на социјалистичката револиција. Се работи за тешкиот живот на работниците во едно предградие на град во Русија пред октомвриската револуција 1917 година. Препорака за читателите што се левичарски настроени.
 
Најголемиот трговец на светот- Ог Мандино. Доста мотивациона книга, каде е прикажан патот на еден камилар до најголем трговец на светот.
 
Се скарав со книгите одамна, последна книга што ја прочитав мислам дека беше Робинсон Крузо во 5то или 6то одделение :toe:
 
Левиот брег на Сена - Кејт Мјуир

Книгата ми е поклон, а бидејќи никогаш не сум ја сакал Франција ова ми личеше на добра можност да ја засакам, бидјеќи на последната страна пишува, цитирам: “Левиот брег на Сена ви открива како изгледа животот во луксузно окружување на коктели, сеанси на пилатес, со инјекции ботокс, сплетки и љубивни афери. Овој роман е вистинска гозба и за љубителите на серијата`Сексот и градот` и за франкофилите. Ке ве насмее до солзи со ироничниот хумор“.

Нема врска. Ниту ја засакав Франција, ниту се насмеав до солзи. Французите се дефинитивно народ со најлоша смисла за хумор. Во еден момент всушност и ми стана интерсна книгата, пред се бидејќи обработува реален настан, секојдневие(барем во Франција) и сакав да видам како ќе се извлечат ликовите од тој љубовен многуаголник. Но, се на се спора приказна, без премногу возбудувања и без соживување со ликовите.

Досиејата на ФБИ - Откриени врвните тајни на ФБИ за НЛО

Пред некој ден на поминување низ трговски ја забележав на штанд за Ѓурѓа. Корицата и насловот ми го привлекоа вниманито, но се излажав. Дадов 200 денари за неа, а за 150 можев да ја земам Оркански височини(е ајде де). Куп `факти`(ака ѓубре) нафрлани на 150 страни. За средби на луѓе со вонземјани, конаткт на Владата на САД со вселенски биолошки ентитети, напредна технологија во САД превземена од некоја друга димензија. Преполна е со датуми и имиња на командири, офицери итн итн и што е најглавно се се случува во АМЕРИКА. Можеби ќе биде интересна за некој фанатик по Војна на ѕвездите, а јас ќе останам да мислам дека сум прочитал за ова во некоја трач весник, на некоја жолта страница.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom