Moментално Алеф, а претходно Фикции од Борхес. Шо да речам. Како си вези човекон у пизду матер, онака се исклучуваш дури го читаш. Огромни познавања што се однесува до филозофијата, и што е најдобро, важни филозофски целини става на интересни места во неговите кратки приказни. Онака во најпогоден момент што би се рекло, колку за да го остави човек да размислува.
Фикции според мене е на малку повисоко ниво. Малку потешка книга која си бара предзнаења за да му се влези во штосот и суштината. Алеф (скоро при крај сум уште 30 страници) е малку поприземна, пошто си бичи тука одредени настани без многу „фикции" што би се рекло, али тоа е некоја минимална нијанса која прави разлика меѓу овие две дела. Особено интересно ми е што токму во овој автор на неколку наврати ја спомнува Македонија и Ацета (побарав и други верзии шпански/англиски и таму е пишано Македонија/Ацета од Македонија).
Ремек дело. Ги прочитав расказите на Алан По, Гогољ, Кафка и сега Борхес. Сите на свој начин се мајстори. Едниот по мрачноста, другиот по прекрасните описи на Русија и целата таа психологија кај рускиот народ, другиов кратко, јасно, крајно парадоксално и за четвртиов кажав.