Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Талент- Зое Дин
Тинејџерска, ништо посебно. Колку само да убијам време, а и преводот не е баш најдобар.
 
Само што завршив со - Писмата на Сузана за Николас,
следна е Вероника реши да умре
 
Само што завршив со - Писмата на Сузана за Николас,
следна е Вероника реши да умре

Може да ми кажеш каква е? во двојба сум дали да ја почнам. Good choice for Coelho - Една од книгите која вреди да се прочита.

Он Топик: Исчезнатите фараони - (го забораив авторот) По втор пат сега за факс да се потсетам на неколку детали.
 
The Red Tent - Anita Diamant
Why We Love(The nature and chemistry of love) - Ph.D. Helen Fisher

Зависи од денот, местото, мислите, времето...
Комбинејшн-шмејшн.
 
Тихиот Дон од Шолохов.Сега ја почнувам,па ќе видам каква е.
 
Финансиски Менаџмент-Сашо Арсов :(
 
Може да ми кажеш каква е? во двојба сум дали да ја почнам. Good choice for Coelho - Една од книгите која вреди да се прочита.

Он Топик: Исчезнатите фараони - (го забораив авторот) По втор пат сега за факс да се потсетам на неколку детали.



Се зборува за една девојка која ја напушта човекот кој го сака. Неочекувано , добива дневник – од Сузана за Николас, и преку него открива за минатото на човекот кој ја напуштил (Сузана е неговата жена, а Николас неговиот син). Во дневникот опишана е искрената љубов на Сузана која ги има сватено вистинските вредности на животот и ужива во него, но на крај за жал се завршува трагично... Мислам дека е доволно колку да процениш дали би ти се допаднало или не. Мој совет - да си ја прочиташ:pipi:
 
он:
Затоа што те Љубам - Гијом Мисо

Роман кој почнува дури прозаично, за како се движи, се повеќе да те остава без здив (на крајот више не може да дишеш, се гушиш и умираш :icon_lol:)

Srsly, можда бестселер, али така суптилно пренесува безвременски пораки и вистини, што ме остави без зборови.

Истиот ефект..
Доколку треба да го доловам воодушевувањето може и нема да можам.
Поврзаноста во животот..секое случување кое во даден момент ни изгледа несфатливо си го зема местото години и години подоцна.
Трпеливост,ненаметната но лесно прифатлива мудрост и многу многу љубов и човечност.
Прекрасно.
 
„Дервишот и смртта“-Меша Селимовиќ
 
All Tomorrow's Parties ~ William Gibson
 
Вчера само што завршив со Алхемичарот, продолжив со 11 минути и луѓе никако не можев да ја откачам!! Цел Божји ден читав и ми беше многу интересна, некаде сум стигната до 85 страна. Во последно време читам книги од Коелјо, а после планирам да почнам со Агата Кристи :smir:

Вероника реши да умре од мајсторот Пауло Коелјо. Интересна сторија за жена која има се' во животот, но нејзиниот живот е ист секој ден и се одвива механички, без некакви авантури или лудости, па затоа решава да се самоубие, пиејќи голема доза на апчиња за спиење. Се буди во психијатриска болница, каде што во последните денови од животот ја открива убавината на истиот и ги пробува и доживува сите работи кои дотогаш ги сметала за луди и невообичаени, а сега токму тие работи и' даваат поттик за живот, за нов почеток.

Првата книга од Коелјо што ја прочитав и е стварно многу добра! Главната порака е дека сознанието за смртта не потикнува на живот:smir: Напишав есеј за неа (на тема „Книга која ме потикна да размислувам за себе“)и добив второ место... :nesum: иако заслужував прво!:pipi:
 
Постови по кајгана .... :pos2::pos2:
Иначе од книги почнав да ја пречитвам Хиперион сагата на Ден Симонс.
 
Не ми е страв - Николо Аманити..

омилен ми е делот:

Паднав во некаква дупка.
Беше темно. Но, колку повеќе ја поместував плочата, толку посветло стануваше. Ѕидовите беа од земја. Корењата на дабот беа исечени.
Успеав даја турнам уште малку плочата. Дупката беше неколку метри широка и можеби два и пол метри длабока.
Беше празна.
Не, имаше нешто.
Купче замотани партали?
Не...
Некое животно? Куче?
Не..
Што беше?
Немаше крзно..
бело..
нога...
Нога!
Отскокнав назад и малку фалеше да се сопнам.
Нога?
Зедов здив и повторно се загледав за миг.
Тоа беше нога.
Почувствував како ми жарат ушите, како ми тежи главата и рацете.
Готов бев да се онесвестам.
Седнав, ги затворив очите, го потпрев челото со едната рака и вдишав длабоко. Имав желба да побегнам, да истрчам кај другите. Но не можев. Морав најпрвин да погледнам уште еднаш.
Се доближив и ја наведнав главата.
Беше тоа нога од дете. И еден лакот ѕиркаше низ парталите.
Во дното на дупката имаше некакво дете.
Лежеше настрана. Главата му беше скриена меѓу нозете.
Не мрдаше.
Беше мртво.

......
 
The Tale of Genji - Lady Murasaki
Прекрасна класична новела која го опишува животот на кралските семејства во XI век во Јапонија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom