Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Пред некое време го завршив Достоевски со „Страдни луѓе“.
Моментално го читам Израел Регардие.
 
И јас ја дочитав таа книга пред една недела.Супер книга.Прекрасна,интересна.И мене ми е една од најубавите.За два дена 400 стр прочитав,да не ти се остава.Женска книга:)ви ја препорачувам.
А сега ја читам „Единаесет минути„ од Пауло Коелјо-и оваа е прекрасна,имам уште малку.
Ја прочитав "Чевлите на другата жена"... не ме воодушеви многу,дека е убава е убава и женска книга-лесна за читање,али очекував нешто повеќе....
Единаесет минути секако дека е прекрасна.Поубава ми е од Чевлите на другата жена,дефинитивно.Позз
 
Господар на прстените - Дружината на прстенот - ТОЛКИН
 
Сезона на романтизмот, па од Гете до По ќе треба да се чешла литератураааа, ах!
Инаку, моментално, читам по стоти пат Жени икони на 20ти век од Светлана Слапшак и пак си се наоѓам во некои од исказите:)
 
Во моментов ништо.Од утре ќе почнам да ја читам хамлет:wink:
 
„Папокот на светот“ - Венко Андоновски

„Тотем и табу“ - Сигмунд Фројд.
 
Девојката со Портокали :) сега ја почнав ме бендисва!
 
Тело од Ханиф Курејши. Ја почнав пред неколку дена на почеток сум, и ми се допаѓа..:smir: :C
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom