Што читате во моментов? (со краток коментар)

  • Креатор на темата Креатор на темата Desert
  • Време на започнување Време на започнување
Мемоарите на Хадријан и глупа е до коска!
 
Менаџмент и маркетинг на мали бизниси:pos: што да правам:pos: Малку ги оставив останатите книги:helou:
 
Ќерката на чуварот на спомените од Ким Едварс. За 2 саати 150 страни прочитав. Убава книга...
 
Шолја чај од Ејми Ефрон. Добро што брзо се чита, од проста причина што нејќам вакви лимонади, приказната е клише и лесно се предвидува што следи... Очекував "елегантна љубовна приказна", а "не шпанска серија".
 
Свила - Алесандро Барико. Одлична книга кратка без премногу тупење а сепак има се` ставено на неа. 8/10
 
Ја прочитав Хамлет и денес почвам со Сон на летната ноќ исто од Шекспир
 
,,Толкување на убиството,,-Џед Рубенфелд........кој е по крими романи и психоанализа во едно-нека ја зима одма....фина книга, ќе ја читам и втор пат, глеам ја :)
 
Парфем - Патрик Зискинд. Осеќам одлична книга... сега ја почнав.
 
Шагринска кожа...тешка книга за моја возраст,ама лекитра ми е
 
Замоци на гневот- Алесандро Барико.
Мошне добра книга, раскажува за тоа како многу луѓе се обидувале да влезат во историјата, сакајќи да бидат запишани..
.. Ама не успеале.
 
Раскази од извесни будали.
А сакав да ја читам Се викам црвено од Орхан Памук. Ех, до кога со оваа моја книгонељубачка летаргија?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom