Што би го одалечило партнерот од вас?

  • Креатор на темата Креатор на темата Drama Queen
  • Време на започнување Време на започнување
Ако не сака (не дека не може) да ме сфати и покрај мојот труд, трпение и енергија 99 пати да повторувам за една иста работа.
Ако го форсира текот на врската, т.е. сака пребрзо да се движиме и да биде број еден на листата на моите приоритети.
Ако не знае да контролира љубомора и посесивност.
Ако не сака да ги разбере моите принципи. Всушност, да бара да погазам иако претходно било кажано кои зацртани принципи ги имам.
Ако ме лаже.
Ако се обиде да ми ја ограничи слободата. Сметам дека знам сама да оценам до каде треба да одам.
Ако видам дека не ја почитува индивидуалноста, односно ако настапува со оние муабети дека сите се исти и постојано ме споредува со друга(и).
Ако често нешто прави намерно за да ја предизвикува мојата љубомора. Таквите тестови на живци ми одат.

:cool:
 
Претераното контролирање на секој мој чекор и неконтролираните испади на љубомора.
Незаинтересираноста за врската и за тоа што го зборувам.
Лажење и изневерување (ова второво би значело и крај на врската)
Да ми кажува (или наредува) што и како треба да правам (ова на живци ми оди) и да мисли дека ме поседува (yeah right)
Да не сака да ме разбере.
Да ми забранува да излегувам од дома освен со него (да, имало и такви дечковци)
Да не сака да зборува со мене за проблемите кои ги има и се’ поретко да ми одговара на повиците. :shamar:
 
ако почне да јаде бурек за се и сешто(да мрчи)а, да не ми каже конкретно што му фали, ако почувствувам дека се губи страста, ако е незаинтересиран за мене, ако не ме слуша кога му зборувам...ете.
 
Непочитување на моето мислење. Не може цело време да е по мое или по нејзино. Врската претставува компромис. Се откажуваш од нешто, добиваш нешто. Како што можам јас да прифатам некои работи во врска со неа, што делумно ми сметаат, може и она да прифати некои работи во врска со мене и да се смени, а не цело време да тера како што неа и одговара.
 
Definitivno NEDOVERBA e ona sto treba da se sluci za da me odaleci od partnerot kolku fizicki tolku i mentalno ,odnosno psihicki.Ljubomora ne podnesuvam ama mozam da svatam od kade poteknuva i koi se nejzinite koreni .Ama lagi i izmislici nemozam da toleriram ,NEZNAM da toleriram!
 
Зарем треба рецепт за тоа како да се уништи нешто? Впрочем, не ли е тоа многу едноставно, ако се сака.

Е сега, ако несакам, со овој памет сега, нема ништо да го оддалечи. Знам што сакам, и кога некој тоа го заслужува, нема да има причина за да му се намршти, а не па повеќе. Кога се сака и кога има разбирање, тогаш нема да има карање, нема да има причина за оддалечување и дистанцирање.

Ако нешто не ми се допаѓа, ако приметам лаги и непочитување тоа значи крај на врската, нема потреба крајот во таков случај да се пролонгира.
 
Непочитување , неверство , лага , љубомора , недоверба и посесивност
 
Дволичноста, кукавичлукот т.е. немањето храброст да ми каже тоа што сака во лице, истовремено контактирање со мене и со бившата девојка/и, изневерување се разбира... После ова од моја страна следува само пријатно, нема втора шанса ни за другарство, не ни сакам вакви одвратни личности да ми бидат во близина:pipi:
 
Што би можело да го оддалечи непријателот од мене? Па веројатно мојата голема љубопитност...Тоа е од моја страна. Од негова страна: Ако флертува со други, ако е нефлексибилен, ако не ме слуша коа зборам, ако ме изневери итн итн...:pipi:
 
Лаги,болна љубомора и неконтролирана посесивност,ѓњаважи во секаква смисла на зборот,неверство и споредби :nerv:
 
Моите остри заби.

Ако не бидат отапени, ќе биде искасано и со подвиткана опашка испратено.
 
Претерана љубомора и посесивност, непочитување на моите ставови и мислења, контрола.
 
.

Невнимание, слаба концетрација и непожртвуваност.
Неопходно ми е да има вистинска конекција помеѓу нас, за да имам во кој да верувам и за што да се борам.

Со се можам да се справам, но не и со незаинтересираност.

Да не може ментално да ме стимулира ... најважното сум го заборавила.:uvo:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom