Шо се случува со Субрата Рој и Сахара груп?

  • Креатор на темата Креатор на темата Let 3
  • Време на започнување Време на започнување
Дајте малку размислете остајте што пишуваат партиските весници и едните и другите

Фаранг, да бидеме реални, ти лично имаш повеќе пари и офшор сметки од типчето, па не видов премерот да те пречекува на аеродром и министерот за финансии да те гушка ко прва симпатија, ниту пак да се расфрлаш со мултимилионски проекти и инвестиции.
 
За пари биди сигурен дека има. Денес се е што контролираш не е финтава да е на твое име.

За тоа како е пречекуван и третиран се слагам циркуз невиден. Нема потреба од најавување и сликање на секој чекор. Сепак кога ќе видиш колку сме кадри како држава да привлечиме инвестиции јасно е зошто така се прави. Држава со толкава „интелектуална“ маса да се рекламира ко дестинација со евтина работна снага ти кажува се...
 
Па овде освен вакви како овој Сандокан-милионери во обид, ја не знам кој здрав поштен бизнисмен може да дојде.
Има ли некој абер од Карлос Слим или оној емирон од Катар, нели и они ќе не оправаа едно време ?
 
Го купи Славија за наводно 5 милиони, основач и шеф е на Сахара-Индија, а пари немал :pos::pos::pos::pos::pos:
Тој можи да ви речи и питач дека е. Да не ќе почните да го сожалувате и да му давате по некој денар? :ROFLMAO:
Е сега дали ќе сака да инвестира или не тоа е друга приказна.
 
Па овде освен вакви како овој Сандокан-милионери во обид, ја не знам кој здрав поштен бизнисмен може да дојде.
Има ли некој абер од Карлос Слим или оној емирон од Катар, нели и они ќе не оправаа едно време ?
Него ја да прашам шо бидна со 8те милијарди евра со кои ни ги потекоа јајцата пред 4 години?
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=A95AD63038504F4F8C680E0409FB346C
Не знам кај го изградија студентскиов дом у Аеродром, ако може некој да ме информира :pipi:
 
Субрата Рој си го сменил полот и сега е малечката невеста.

Него ја да прашам шо бидна со 8те милијарди евра со кои ни ги потекоа јајцата пред 4 години?
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=A95AD63038504F4F8C680E0409FB346C
Не знам кај го изградија студентскиов дом у Аеродром, ако може некој да ме информира :pipi:

Тоа беше у прошли мандат,а од прошли мандат ветувања не се важат. И ти па скроз си застарела,симни си ја новата верзија апдејтувана ја има за download.
 
А ти веруваш во ова? :pos: Дека има само 970.000 долари :pos:
A оти би лажел и се резилел јавно? Како бакал кој сака да скрие дел од прометот пред УЈП. Крие, лаже му пленат имоти го сослушуваат, под истрага е а шо ние да очекуваме од него? Фер искрен отворен бизнис?! Па само врз основа на карактер јас би го затворил!
 
Бакрачески: Субрата Рој ќе го изгради комплексот во Охрид

subr-480x320.jpg

Проектот за изградба на хотелско туристички комплекс во Љубаништа на Индиецот Субрата Рој ќе стане реалност. Неговата реализација ја потврди и новиот градоначалник на Охрид Никола Бакрачески. Според него сите проекти кои биле најавени за време на изборната кампања ќе се реализираат. Бакрачески минатата недела се сретнал со преставници на индиската компанија „Сахаријан Македонија“. Договарале детали за проектот.
„Индиските инвеститори се сериозни во нивните намери и тие не отстапуваат од нивната намера заеднички со Владата на Македонија и во оној дел каде има ингеренции локалната самоуправа да создадеме предуслови конечно да почне да се реализира таа замисла која ќе биде од фундаметално значење за развојот не само на Охрид туку и на цела Македонија“ вели Бакрачески за А1он.
Неодамна, странските и домашни медиуми објавија дека индискиот суд ги замрзна сите сметки и имотот на компанијата „Сахара груп“, како и личните банкарски сметки на сопственикот Субрата Рој, поради долгови кон индиските граѓани во висина од три милијарди евра. Проектот предвидува изградба на суперлуксузен хотел – казино на вода, како и апартмани, вили, марини, голф терени и други објекти.
 
Одборот за хартии од вредност на Индија побарал од Врховниот суд апсење на Субрата Рој, првиот човек на „Сахара груп“.
Побарана е и забрана тој да може да ја напушти земјата поради тоа што двете компании на групацијата не успеале да ги подмират долговите.
Паралелно со избивањето на оваа афера на индискиот милијардер тешка 3 милијарди долари, во земјава се поголеми се дилемите дали тој ќе ги реализира најавените мега инвестиции.

Кко не сфаќате бе обци дека беше самп глума пред избори

мхм ќе го......

Исто ко колегите негови кај нас дома,што изградија нов луна парк,хотел и офицерски дом на плоштад,обновена универзална сала,колку што сменија фасади на бетон-комуњарските згради во распад во Скопје,колку што се изгради ЕРА сити,и колку што се изградија трговските и хотели кај стара железничка.

Е толку ќе го изгради комплексот во Охрид Субрата Рој. (y)
 
Сигурно го фатила некоја јака серка(пролив) и неможе човекот од ќенеф да излезе, а не пак да гради хотели во Охрид !
Шала на страна но се е тоа фатаморгана, фантазија и илузија ... исто колку што инвестираа и изградија Карлос Слимс, оној шеикот од Катар и др. исто толку ќе инвестира и изгради и овој Субрата Сахарата Рој = 0(ZERO) ... може само да направи некој суџук-ќенеф чоекот ... :pos:
 
Фатаморгана :нинџ:

одговорот го нема ни од тебе,ни од другите
во логорот, па џабе талентот и трудот
кога мајките не раѓаат за да не фрлаат на патот

И таа трошка надеж ако ја има,ќе ја клукнат
гулабите од Париз,па потоа ќе ја плукнат,
и сега само знам дека нервите ќе пукнат,поарно
чергар во Лондон место да ме ебат тука.
И после ова, ју-рокери, позери, локални богаташи ќе кажат дај не сери
пошто ќе мислат дека мислам само на пари,
па ќе паднат цел куп чисто злобни коментари:
,,Опаа сега ќе го пушиш на американци''
ама џабе 500 години кога сам си ставаш ланци!!!!
 
„Сахара Паривар“ бара уште 17 хектари земја во Љубаништа

Компанијата на индискиот милијардер Субрата Рој, „Сахара Индија Паривар“, од локалната самоуправа бара да се обезбедат дополнителни 17 хектари земјиште во Љубаништа, каде ќе се гради луксузниот туристички комплекс.

Претставници од компанијата денес оствариле кратка средба со градоначалникот Никола Бакрачески, на која било изнесено барањето, со објаснување дека дополнителните 17 хектари се потребни за изградба на сместувачки капацитети во кои ќе биде сместен персоналот кој ќе работи во комплексот.

- На 11 и 12 јули во Охрид ќе престојува и самиот сопственик на групацијата , Субрата Рој, кој очекувам дека ќе ми ги соопшти сите поединости околу текот на подготовките за реализација на проектот, кои верувам ќе течат во најдобар ред и дека до 2020 комплексот ќе биде изграден, рече Бакрачески.

На 12 јули во Охрид, од страна на Субрата Рој ќе биде организирана и свечена вечера на која се поканети премиерот Никола Груевски, ресорните министри од министерствата инволвирани во реализцијата на проектот, како и американскиот и англискиот амбасадор и други претставници од дипломатскиот кор во Македонија.
http://ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=57217
 
„Сахара Паривар“ бара уште 17 хектари земја во Љубаништа

Па дај нека му го дадат гага цел Охрид наеднаш, да не го мачат вака по десетина хектари на секое доаѓање.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom