Тоа е цела филозофија.
За да бидеш шмизла, ти треба МНОГУ вежбање пред огледало.
Терминот шмизла варира. Порано тоа беа девојки кои се средени и дигнати, денес нештата се изменети. Тие дигнатите и средените преминаа во стадиумот Дрољи и Фуфи, и се гордеат со титулата. Шмизли, се девојчиња од понискиот среден слој, кои живеат во семејство каде што неможе се да им биде дозволено, и кога сфаќаат дека не е кул да седиш над книгата и да учиш, почнуваат да експериментираат и да стануваат дел од девојките кои се популарни. Тие стануваат популарни, но, за разлика од првата категорија, на нив им е срам да бидат Дрољи и Фуфи, па затоа им се прилепува етикета Шмизла. И тие, почнуваат да прават веќе видени работи, вртат мастики околу прст, носат розево, се лигават. Првата категорија, е веќе распуштена од дома, не им е гајле кој што ќе помисли, се ебат како Холанѓанки во Црвениот Кварт. Овие другиве, закасниле со модата, сакаат да се ебат а нејќат да им влезе, па остануваат Шмизли. Поради разни причини, од тоа што мама и тато ќе кажат па се до тоа што ќе се збори за нив низ градот.