Имам фармерки шалвари ептен јако стојат ми ги донеасоа од Италија и коа си ги облечам за низ град привлекуваат внимание само треба да знаеш како да ги искомбинираш не одат со се и не му стоат на секого
Ова не се баш типични шалвари, ама дефинитивно се многу грди и многу лошо стојат!!! Ова е типичен пример дека за мода се ке се облече, макар личеле, да не речам, како посрани. Досега немам видено некоја да и стојат добро. Добри се за оние кои сакаат да се истакнат, да бидат поинакви, впечатливи, ама не по убавината, за жал. Сепак, de gustabimus non diskutabant, па така ова лето се изнагледав лоша гардероба.
Едноделни имам, ради удобноста.Не ги носам многу често, поудобни, поубаво ми стојат и лично мене повеќе ми се допаѓаат фармерките ко шалварите, не оние типичните памучни шалвари.Штета шо немам слика да покажам на кои мислам.Тие ги имам пред година дена и од гз не ги симнав од што се удобни, практични и убаво стојат.
Инаку баш ми се добри и оние со врвка на ногавиците, вистински шалвари шо би кажала, нешто како ова
Грди се и ич неубаво стојат на женско па со тој спуштениот дел мегу нозе, воопшто не ги сакам ..воскреснување на некоја традиционална турска мода која никогаш не ме привлекувала...забулени и накитени ...ех од кај се не ке земат пример новиве дизајнери .....
Да. Имам и со огромно задоволство ги шетам. Специфично парче се, не може секој да ги носи, не стојат на секаква градба на тело и некако се забележува кога онаа што ги има на себе не се чувствува лагодно. Мене ми стојат перфектно. Имам памучни - црни и сега во Варшава си купив едни шарени од Бершка. Треба да знаеш како да ги искомбинираш за да не делуваш пренападно и како излезена од филм на Кустурица.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.