Серии од нашите телевизии :)

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Не сум бил роден кога се емитувала премиерно Алф серијата ама сум гледал репризно бар 2-3 eпизоди на некој од телевизиите.

Исто и Талични Том ,ама јас ви го препорачувам ова видео епизода со превод а не синхронизирано на македонски или на српски
 
Француските серии на МТВ што ги даваа.

Сен Тропе

И другата не ми текнува името ама беше за татко со три керки (најмалата мушкодањаста) и расправии со дечковците. И на моменти кон камерата збореа, се исповедуваа кон публиката така нешто. Добра беше.


Да не мислиш на оваа?

https://www.youtube.com/watch?v=HDhat4kpgoA

Се утепав од барање, сакав да ја гледам :D
 
Никој не стави некоја домашна серија во продукција на РТС од средината на 70-тите, кога секое семејство сеуште немаше свој телевизор па се собиравме кај комшиите за да ги гледаме.
Се секавам на неколку детски серии од тоа време како Дејви или бараем така ја викавме според главниот лик, Другарувања, Ѓорѓи Тодоровски - Трушче чинам глумеше во таа серија, чинам дека имаше и една детска серија жешко топло лето, па една серија кога една девојка од град оди на распуст на село а таму многу момчиња се заљубуваат во неа мислам дека девојката се викаше Жаклина и слични домашни серии. Имаше и странски серии во тоа време како Сандокан, една серија ја викавме Карино според еден паметен коњ во серијата ... ако некој се сеќава нека додаде нешто
 
А ви текнува на? :icon_lol: Секогаш јас бев од страната на женското, Мина или како се викаше. Штета што скоро ништо нема од нив на Јутуб, секоја вечер на А1 си ги гледав.

Потоа ми текнува имаше една со магии, ми ја даваа пред или после Покемон не ми текнува. Исто на А1, мислам после во 17:00 часот ја даваа.
Имаше и она Рипли верувале или не, на А1, таа покасно идеше ми текнува. Мајка ми знам ќе си легнеше, јас ќе си останев да ги пратев.

Од серии времето бев јас на оние Хрватските Вила Марија, Забранета Љубов, Не дај се нина. И на оние Шпанските Акапулко, Ангели и омилената Серанови. Гледав и Маѓепсани и Вовед во Анатомија знам ги даваа. И гледав и Очајни Домаќинки. Гледав уште некој така што ми залутале, а не се за мене, ама тие ми текнуваат. Овие сите ги немам гледнао после пак, освен Серанови секако што по 8 пати ја имам гледано целата, а баш сакам да си симнам да си се потсетам, ама па се плашам дека нема да ми бидат толку интересни ко порано :)
 
Македонски детски серии : „Црвено,жолто зелено“; „ТВ речник“, „Автограм“, „Курирот на Гоце“, „Јуначко колено“, „Булки крај шините“ од понова продукција 85/95 „Втората смена“ , „Девојките на Марко“
 
Детскиот сон е кутија златна, ѕвездено кајче што броди.
Во него може се да се случи, и повторно се да се роди...

Да не знае некој во која серија беше оваа песна, никако да ми текни а на гугл слабо информации.
 
Знае некој како се викаше на МТВ една цртана серија со едно зелено човече возеше точак, а мислам имаше и една што беше кралица со круна на главата.

Низ магла колку што се сеќавам имаше една голема машина компјутер ја работеше тој зелениот и на МТВ одеше со плус дел снимен од нив со едно девојче кај што не учеше англискиот јазик со помош на цртаната серија. Типично бритиш англиски беше зборењето во серијата.

Серијата и не е премногу стара на Ѕвон ја прикажуваа . Ја ја гледав кога бев основно а и ја имаат повеќе пати репризирано но сега не можам да ја најдам затоа што не го знам името како беше. Ако некој знае нека стави тука видео.
 
Оваа...? https://www.youtube.com/watch?v=2iNtB4t159A

Знае некој како се викаше на МТВ една цртана серија со едно зелено човече возеше точак, а мислам имаше и една што беше кралица со круна на главата.

Низ магла колку што се сеќавам имаше една голема машина компјутер ја работеше тој зелениот и на МТВ одеше со плус дел снимен од нив со едно девојче кај што не учеше англискиот јазик со помош на цртаната серија. Типично бритиш англиски беше зборењето во серијата.

Серијата и не е премногу стара на Ѕвон ја прикажуваа . Ја ја гледав кога бев основно а и ја имаат повеќе пати репризирано но сега не можам да ја најдам затоа што не го знам името како беше. Ако некој знае нека стави тука видео.
 
Се потсетив на една серија што ја даваа на мрт како мал многу ја гледав се работеше за едно девојче или момче беше кое работеше во книжарница имаше една книга преку која можеш да отидеш во друг свет нешто како во бајки во тој свет владееше една добра кралица нон-стоп беше облечена во бело потоа таа се разболе и мислам дека ја замени некоја лоша жена како низ магла ми е. Ако некои се сети според ова што го напишав нека пише како се вика серијата.
 
Pat & Mat (y)
9687_Buurman%20&%20Buurman.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom