Serie A 2025/26

  • Креатор на темата Креатор на темата SK-92
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион?

  • Наполи

  • Интер

  • Аталанта

  • Јувентус

  • Рома

  • Фиорентина

  • Лацио

  • Милан

  • Болоња

  • останати тимови


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Наводно градоначалникот на Милано се согласил да го продаде стадионот Сан Сиро/Џузепе Меаца на Милан и Интер за 200 милиони евра. Клубовите планираат да го реновираат со цел да биде завршен до 2031 година за да ги исполни стандардите на УЕФА за потенцијално домаќинство на натпревари од Еуро 2032.
 
@SK-92 многу си грешка.

ВАР има од сезоната 17/18.
Лацио имаше 18 или 19 пенали во сезоната 19/20.

Генерално гледано со ВАР многу повеќе се свират пенали, што укажува дека порано судиите потешко се определувале за најстрога казна.

Во врска со што сум многу грешка?
Да, знам дека ВАР има од таа сезона, ама ако добро се сеќавам првите сезона-две не беа добро утврдени правилата за кои ситуации ќе се користи ВАР па после две сезони кога Лацио и Милан имаа голем број на пенали се свиреше секој контакт со рака и минимален фаул. Ми текнува многу ситуации каде во последниве две-три сезони не се ни прегледуваат такви работи.
Еве намерно го спомнав пеналот на Нкунку. Не знам зашто и како тоа не беше пенал.
Многу различно се користи моментално вар системот за разлика од кога беше воведен па затоа и се намали бројот на пеналите.
Работам со квоти и добро ми текнува дека тогаш намерно во Серија А намалувавме за пенал во мечот и идевме спротивно на маркетот затоа што скоро по пет пенали паѓаа во едно коло. Сегa во 3 одиграни кола имаме едвај 4 пенали на 30 натпревари.
 
Еве намерно го спомнав пеналот на Нкунку. Не знам зашто и како тоа не беше пенал.

Последно она со Нкунку. Пред некоја сезона тоа беше 10/10 пенал. Сега некако ко да намерно не ги свират за да докажат нешто.


Мислам дека ова е пенал во сите топ 5 лиги, во 99/100.

Не е ова прашање на стандарди, ниту пеналот беше "сива зона", термин што го користат кога сакаат да се вадат, едноставно направија циркус и судијата на терен и ВАР судиите. Што потврди и таа нивна смешна судиска комисија. Доколку според судиската комисија е пенал, тогаш такви се упатствата кон судиите, во спротивно ќе ги спасуваа со некакви оправдувања, како што било многу пати до сега.


На страна пеналите, тие дури и не се најголем проблем или да се докажуваме кој повеќе бил оштетен, нема сигурно да се разбереме.

Општо во Италија многу лошо се суди. Немаат чувство за игра, некогаш ќе пуштат поцврста игра, па ќе се испогубат, потоа во обид да воспостават авторитет почнуваат на секој старт да свират. Затоа многу судии од старт почнуваат да свират на ситни стартови и си имаат алиби, таков натпревар затоа не личи на ништо.

Потпаѓаат под авторитет на клуб, играч, притисок на публика или некои одат во друга крајност, да покажат колку се зезнати не судат прекршоци врз ѕвездите, лесно им даваат картони. Многу ретко да се погоди некој со мера.


Колку пати се несигурни, тргнува да свирне нешто, па се откажува, како пред четвртиот гол на Јувентус. Со таква несигурност на милион одлуки во текот на натпреварот само уште поголем проблем прават.

Ретко кој држи ист критериум цел натпревар, особено за две екипи.
 
Во врска со што сум многу грешка?
Да, знам дека ВАР има од таа сезона, ама ако добро се сеќавам првите сезона-две не беа добро утврдени правилата за кои ситуации ќе се користи ВАР па после две сезони кога Лацио и Милан имаа голем број на пенали се свиреше секој контакт со рака и минимален фаул. Ми текнува многу ситуации каде во последниве две-три сезони не се ни прегледуваат такви работи.
Еве намерно го спомнав пеналот на Нкунку. Не знам зашто и како тоа не беше пенал.
Многу различно се користи моментално вар системот за разлика од кога беше воведен па затоа и се намали бројот на пеналите.
Работам со квоти и добро ми текнува дека тогаш намерно во Серија А намалувавме за пенал во мечот и идевме спротивно на маркетот затоа што скоро по пет пенали паѓаа во едно коло. Сегa во 3 одиграни кола имаме едвај 4 пенали на 30 натпревари.
Просекот на досудени пенали во последните 8 сезони пред да се воведе ВАР (09/10 до 16/17) е 123 пенали по сезона.

Просекот на досудени пенали во 8те сезони откако е воведен ВАР (17/18 до 24/25) е 133 пенали по сезона.

Сакам да кажам дека ВАР придонесе кон тоа да се судат повеќе пенали отколку претходно.
Ланската сезона е само исклучок, не е правило.
 
Тенот е тој, ама забите на Амаури му се 100%.
Класични варикина заби, со сила немилосрдно бели, очи ќе ти истераат кога ќе се насмее некој.

Бтв, Мондонико Прима Дент, од све на сликата за забите се фати.
 
Нема таква буква за да напишам како ги викаме овие во Струмица :pos:

З'бљо би било најблиску, ама напишано не го доловува тој звучен опис за некој со забите неприродно бели + зададени напред во офсајд.
 
Синов ко татко на таткото - овја од десно, ваљда од Амаури е
 
Се си мислев римското дерби е 15:00, седнав сега припреми да праам за да не ме гњават домашниве дур гледам, они веќе завршиле. :facepalm:
Многу лош термин е 12.30 за вакво дерби. Во тој термин треба исклучиво Комо, Џенова, Каљари, Лече и Сасуоло да играат.
 
Каква логика од федерацијата, едно од најголемите градски дербија во 12 и пол, дуел меѓу две екипи од долниот дел на табелата во 20 и 45, се дрогираат сигурно.
 
За да немаат време за пиење и ѓурултии. Не е секој спремен да се оќори од сабајле.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom