Еве намерно го спомнав пеналот на Нкунку. Не знам зашто и како тоа не беше пенал.
Последно она со Нкунку. Пред некоја сезона тоа беше 10/10 пенал. Сега некако ко да намерно не ги свират за да докажат нешто.
Мислам дека ова е пенал во сите топ 5 лиги, во 99/100.
Не е ова прашање на стандарди, ниту пеналот беше "сива зона", термин што го користат кога сакаат да се вадат, едноставно направија циркус и судијата на терен и ВАР судиите. Што потврди и таа нивна смешна судиска комисија. Доколку според судиската комисија е пенал, тогаш такви се упатствата кон судиите, во спротивно ќе ги спасуваа со некакви оправдувања, како што било многу пати до сега.
На страна пеналите, тие дури и не се најголем проблем или да се докажуваме кој повеќе бил оштетен, нема сигурно да се разбереме.
Општо во Италија многу лошо се суди. Немаат чувство за игра, некогаш ќе пуштат поцврста игра, па ќе се испогубат, потоа во обид да воспостават авторитет почнуваат на секој старт да свират. Затоа многу судии од старт почнуваат да свират на ситни стартови и си имаат алиби, таков натпревар затоа не личи на ништо.
Потпаѓаат под авторитет на клуб, играч, притисок на публика или некои одат во друга крајност, да покажат колку се зезнати не судат прекршоци врз ѕвездите, лесно им даваат картони. Многу ретко да се погоди некој со мера.
Колку пати се несигурни, тргнува да свирне нешто, па се откажува, како пред четвртиот гол на Јувентус. Со таква несигурност на милион одлуки во текот на натпреварот само уште поголем проблем прават.
Ретко кој држи ист критериум цел натпревар, особено за две екипи.