DeviAngel
Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
ПСЖ во текот на преговорите 2 пари проба да ја смени цената и на крај го пушти на сува позајмица.Серија А подобро да укине трансфери, отколку да се бркаат клубовите. И тренери подобро со ждрепка да бираат.
Особено овие последни недели се циркус.
Лацио и најубаво си помина, без нервози.
Рома моли цело лето да добие некого на позајмица.
Милан неколку пати промени стратегија, во финишот не успеа да нафаќа никого, освен мајка му на Рабио и некое дете од Германија. Одбраната е страв да те фати. Најскапите засилувања се на други позиции и сите за на клупа. Се чека нова глупост во последен момент.
Интер тргна да му угоди на Киву, ќе менувале формација, Лукман, Нкунку, 40-50 милиони за напад, уште толку за среден ред и одбрана, заработиле пари. На крај, кренаа раце, се е таман. И тие освен Аканџи, кој не е нешто многу плус во однос на Павар, потрошија пари за играчи на клупа.
Јувентус се тегнеа за Коло Муани цело лето, затоа што немаат пари да го купат, го бркаа својот најдобар напаѓач, кој им е на клупа и единствен таков и на крај донесоа двајца слични (Давид и Опенда), кои ќе треба да играат пред Влаховиќ. И Опенда дојде затоа што го пуштија на позајмица.
Само Наполи нешто, но ако се вратиме малку назад и дека ги имаа Квича и Осимен, не се многу импресивни.
Аталанта и Болоња тераат просечно, место да искористат ситуација и да исчекорат напред.
Само Комо паметно работи и инвестира нешто.
Опенда е донесен за в година кога ќе си оди Влахо да бркаат други позиции ако мене не прашаш Опенда е No Brainer пред година и пол бев убеден дека ќе заврши во Сити. Жергова е исто топ играч само да видиме како ќе е после повредата. Фалеше само уште еден бек Али што е тука е и искрено мислам ќе продолжи и Влахович.
Кога ќе ги видиш сумите за сите обврзани трансфер и позајмици потрошивме 80+ мил сезонава.