Serie A 2025/26

  • Креатор на темата Креатор на темата SK-92
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион?

  • Наполи

  • Интер

  • Аталанта

  • Јувентус

  • Рома

  • Фиорентина

  • Лацио

  • Милан

  • Болоња

  • останати тимови


Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Серија А подобро да укине трансфери, отколку да се бркаат клубовите. И тренери подобро со ждрепка да бираат.

Особено овие последни недели се циркус.

Лацио и најубаво си помина, без нервози.

Рома моли цело лето да добие некого на позајмица.

Милан неколку пати промени стратегија, во финишот не успеа да нафаќа никого, освен мајка му на Рабио и некое дете од Германија. Одбраната е страв да те фати. Најскапите засилувања се на други позиции и сите за на клупа. Се чека нова глупост во последен момент.

Интер тргна да му угоди на Киву, ќе менувале формација, Лукман, Нкунку, 40-50 милиони за напад, уште толку за среден ред и одбрана, заработиле пари. На крај, кренаа раце, се е таман. И тие освен Аканџи, кој не е нешто многу плус во однос на Павар, потрошија пари за играчи на клупа.



Јувентус се тегнеа за Коло Муани цело лето, затоа што немаат пари да го купат, го бркаа својот најдобар напаѓач, кој им е на клупа и единствен таков и на крај донесоа двајца слични (Давид и Опенда), кои ќе треба да играат пред Влаховиќ. И Опенда дојде затоа што го пуштија на позајмица.


Само Наполи нешто, но ако се вратиме малку назад и дека ги имаа Квича и Осимен, не се многу импресивни.


Аталанта и Болоња тераат просечно, место да искористат ситуација и да исчекорат напред.


Само Комо паметно работи и инвестира нешто.
ПСЖ во текот на преговорите 2 пари проба да ја смени цената и на крај го пушти на сува позајмица.

Опенда е донесен за в година кога ќе си оди Влахо да бркаат други позиции ако мене не прашаш Опенда е No Brainer пред година и пол бев убеден дека ќе заврши во Сити. Жергова е исто топ играч само да видиме како ќе е после повредата. Фалеше само уште еден бек Али што е тука е и искрено мислам ќе продолжи и Влахович.

Кога ќе ги видиш сумите за сите обврзани трансфер и позајмици потрошивме 80+ мил сезонава.
 
Во право е Бергоми, храброст е тоа што им фали на италијанските клубови, кога веќе за пари тешко ќе најдат решение.


Продаваш, реинвестираш, особено кога гледаш дека циклусот е при крај и само ќе цедиш од тоа што било, а може да биде и полошо, но нема да има напредок.


После 22/23, кога Милан изгуби во полуфинале од Интер, во првенството исто се распаднаа, а многу фудбалери уште држеа цена, требаше да заборават на скудетото од 21/22, да променат тренер, да продаваат и да почнат нова приказна. Наместо тоа, Милан одеше со еден чекор добар, три лоши, со половични решенија, до ден денес.


 
Галатасарај со ФФП и со сите салтанати може да си дозволи на Осимхен да му плати 15 милки годишно, а Наполи почнаа да се радуваат на трансфер на дооден Де Брујне, Интерашиве да плачат за Павард, во Јуве да мислиме дека Ибрахим Ругова ќе се повампири и ќе стани преку ноќ Лионел Меси, Милан да го слават Рабио ти се чини Кларенс Сидорф го вратија во најдобрите времиња...

Многу лошо..Реално...
 
ПСЖ во текот на преговорите 2 пари проба да ја смени цената и на крај го пушти на сува позајмица.

Опенда е донесен за в година кога ќе си оди Влахо да бркаат други позиции ако мене не прашаш Опенда е No Brainer пред година и пол бев убеден дека ќе заврши во Сити. Жергова е исто топ играч само да видиме како ќе е после повредата. Фалеше само уште еден бек Али што е тука е и искрено мислам ќе продолжи и Влахович.

Кога ќе ги видиш сумите за сите обврзани трансфер и позајмици потрошивме 80+ мил сезонава.

Јуве има многу силен напад, но мислам дека Давид и Опенда се најдобри покрај уште еден напаѓач, а не како 9ка. Слично е и со Нкунку.

Со Јилдиз, Консеисао и Жегрова, Јувентус има огромни количини на талент во напад. Само што треба и да се направи нешто после дриблинг, тука Јилдиз се издвојува во однос на овие двајца.

Заедно со Нико Паз се најголеми таленти во Серија А. Не знам кој е поталентиран и кој ќе направи подобра кариера, но многу ми се допаѓа тоа што Јилдиз нуди во последна третина. Врвна завршница.


Само веќе нема простор за многу оправдувања, имаат 20 години, не им е прва сезона да имаат важна улога во сениорски фудбал. Сега треба да покажат дека можат да прават разлика во континуитет.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom