Не се сложувам со мислењата кои доминираат. Јувентус вчера изигра добар натпревар. По мене Гасперини беше поразен од Мота.
Мислев дека Аталанта ќе издржи повеќе во борба за титула, почнаа да заостануваат, а и во последно време не импресионираат. Можеби со Ретеги ќе почнат да освојуваат бодови и на натпревари каде играат лошо, како оној против Удинезе.
Следната со Наполи им е една од последните шанси да останат во борба за титула.
Милан против Јувентус, може да победи, само со некој "на ура" одигран натпревар, како што ги одигра двата во Саудиска Арабија.
Против Каљари, особено Комо, се виде колку Милан не знае што прави, па останува само да го збунат противникот со тој башибозук пристап. А плус имаат проблеми со повреди и картони.