Мурињо има посебно место во срцата на сите Интеристи, ама ова со Рома не му требаше. Никогаш и не постоеше поинакво сценарио освен ова, штом се нафати да ја води Рома во време на беспарица. Рома и Тотенхем му се најголеми грешки во кариерата. Требаше да си фати репрезентации и да си ја накриви капата. Нешто што веројатно ќе се случи во догледно време, еден почесен круг на мајсторот, или ќе земе некоја добра репка и ќе освои нешто, или ќе земе некои дрва и ќе ги одведе на завршница на големо натпреварување.
Засекогаш еден од нас!