Летото 2015 од Јувентус си заминаа Пирло, Видал и Тевез.
Со еден многу брз Википедија податок, тројца играчи со следната статистика од сезоната пред да си заминат (14/15):
33 настапи - 5 голови
45 настапи - 8 голови
48 настапи - 29 голови
Јувентус таа сезона (15/16) ја започна катастрофално, со 12 бодови во првите 10 кола, никој не предвидуваше дека на крајот ќе освојат, а по некоја случајност најдобар исто таа сезона беше... Наполи.
Fast forward, Јувентус се консолидира, се до вториот дел од сезоната беше зад Наполи, кога во директен дуел победија 1-0 во еден мртов натпревар со гол после 80 минута на Симоне факинг Заза.
Поентата ми е и покрај заминувањата, Интер имаше титула зад себе, консолидиран состав и пред се (ама апсолутно најважно), никаква конкуренција.
Зборувам за сезоната 21/22, да не се разбереме погрешно.
Така да, не ми верглај многу, оти после се и сезонава ако не успее Инзаги да освои, ќе треба да го прогласат за најлош можен тренер, земајќи ги предвид сите околности.
Сериозно треба да имаш елементарно непознавање на фудбалот како спорт, за да буквално ЦЕЛОСНО го занемариш фактот дека Интер загубија тренер (што не е случај со јувентус), и не било кој, туку Конте, кој за калчо услови и самиот си свесен каков доктор е, буквално лелекаш по него веќе некоја сезона по ред и сакаш да се врати место мистерот кој моментално ви е на клупа. Истиот е заменет со тренер кој во кариерата никогаш не осетил како е да освоиш голема титула, млад, сеуште многу неискусен, водел само 1 клуб во животот, ова само по себе ти ја убива целата поента која сакаш да ја истераш. Брзиот википедија податок во никој случај не ти ги едначи работите.
Губењето на Ериксен, Хакими и Лукаку кои беа пола екипа и кои ни скратија едно 50 голови таа година, играчи во
својот прајм патем кажано, плус губењето на Конте, ми го споредуваш со губење на двајца фудбалски ветерани, кои веќе имаа дигресија во својата кариера и беа далеку од својот прајм плус Видал. Не го занемарувам нивното значење за тој јувентус, ама со што истото беше покриено, кој све остана во таа екипа и дали тренерот си го задржаа?
Дали имаа уз пут и големи финансиски проблеми? Свесен си дека споредбава во најмала рака ти е смешна? Ова може да помине само кај некој кој не следи Калчо.
Примерот не ти е ист, не изгубија тренер, не изгубија играчи во својот прајм, не ги заменија истите тие играчи со ветерани и просеци, со Б класа фудбалери,
нормална смена на генерации имаа, а не дека продаваа играчи зашто беа во тешка финансиска состојба, нешто што ти секако, го занемаруваш, јер википедија брз податок.
Си одат Видал, Пирло и Тевез, во тимот доаѓа Дибала, доаѓа шампион како Манџукич со 1 тон искуство на високо фудбалско ниво, Погба станува перманентен првотимец кој тој период беше генерациски талент кој подоцна направи рекорден трансфер во Јунајтед, го земаа Киедира од ебаниот Реал Мадрид, уште еден топ квалитетен играч со огромно искуство на високо ниво (и германска репрезентација и у Реал Мадрид, со ЛШ титула позади него и светска титула со Германија), следна година го крадеш Игуаин од својот најголем ривал со рекорден трансфер, го зимаш Дани Алвес, доаѓа и Бенатија од Баерн, едноставно перфекни фудбалски услови во кои егзистираше тој јувентус.
јуве не титула, имаа титули позади себе откатко ги изгубија наведените тројца, имаа (многу) пари позади себе, добра работа на управа, добар тренер формиран добитен систем и филозофија, све што направија тоа лето е успешна и коректна смена на генерации, не продаваа против своја волја само зашто им требаат пари за да закрпат долгови, и не мењаа со импровизирани решенија па ако убодат ... убодат.
Тотално нула основа имаш тука да ја влечеш оваа паралела, ама не ми е па и намера да те демантирам во ова, ти веруваш во нешто у кое не веруваше цела фан база на еден клуб, и убеден дека си во право, така да терај, или ... верглај со бесмислиците. Али кога бараш нешто да ти се докаже, додади и дека притоа со сила слеп и глув ќе се праиш, да знаеме да не се мачиме да ти докажуваме нешто кое ти од старт си зацртал дека е така и само така.