Ехеееееее, Јуве клапна само 3 сезони каде освоија и трофеј и редовно беа при врвот - не како Милан и Интер кога пропаднаа и со години не можеа ЛШ да фатат - и наеднаш лигата стана преслаба, Дерби дела Мадонина мирољубиво (не како порано ос Руи Коста и Матераци

) и купот во Италија смени име. Не е повеќе Мики Маус куп, туку сега е КУП НА ИТАЛИЈААААА!!!!!! Едно од потешките натпреварувања во сФет.
Мондонико па го отече две години колку била слаба лигата а италијанските екипи маме ебаа во Европа. Од вкупно 6 финалиња лани и оваа сезона, вкупно 5 од 12 тимови се Италијански. Апсолутно никогаш не биле волку успешни кога се работи за европските натпреварувања. Точно е дека не е како на почетокот од двеилјадитите кога трите тимови имаа супер состави плус останатите беа со повеќе ѕвезди од сега ама па и генерално насекаде во Европа е со значително опаднат квалитет. Брест и Хирона ќе играат ЛШ а Штутгарт кој лани ова време играше бараж за Бундеслига наредна ќе игра ЛШ. Премиер Лига освен неколку играчи скоро и да немаат апсолутно ништо посебно. Аталанта што ги преврте Ливерпул е доказ за тоа. Па и Рома го плесна "лудиот" Брајтон како да е Виченца. Њукасл прејаките со еден тон пари завршија последни во најтешката група и Милан само за малку не успеа да фати пролаз. Астон Вила не е ништо подобар тим од италијанските кои се наоѓаат во горниот дел од табелата.
За финансии нема ни да се мачам да објаснувам, да имаа италијанските барем 20% од ова што го трошат во ПЛ во овие две сезони ќе имаше 10 од 12 италијански тимови во финалињата од европските купови.
И како може миланското дерби да немало ривалитет или што ти ја знам кога јас откако пратам Серија А, само 3-4 сезони дали Интер и Милан се бореле за титула? Увек тоа било Јуве-Интер, Јуве-Милан, Јуве-Рома, Јуве-Наполи, Интер-Рома...
Сега пркнаа малку Миланските екипи после десетгодишен мрак и не престанаа да капат солзите.
