Serie A 2021/2023

  • Креатор на темата Креатор на темата Џонтра Волта
  • Време на започнување Време на започнување

Шампион?


  • Вкупно гласачи
    292
Статус
Затворена за нови мислења.
Читам Ди Мариа се повредил. Се знае на колку долго? Ич немаат среќа лоповите со новите играчи .
 
У последниве 2 години бројот на сезонски карти им опаднал од 27к на 20к продадени. Дел лошите игри, дел скапите билети имаат улога у ова, особено првото би рекол. Ама факт е дека не е ретка сликава на полупразен стадион кога е јувентус у прашање.
Како што видов имало 38 илјади навивачи вчера.

Не знам дали е точна бројката само, има ли некаде официјални податоци?
 
Ако е таа бројката, далеку од полупразен е стадионот, станува збор за некои 3-4 илјади седишта.
Еве ти уште еден кадар, oд другата страна на стадионот...

Ај нема врска, ваљда голем ред има пред вецњата :icon_lol:

Не би ме чудело ако лажно пријавуваат поголем број на продадени карти за да прикажат поголема добивка ради ФФП...
jE5WSjN.jpeg
 
Продадени карти, Јувентус гарант си ги купува сам картите да му се слеваат ради ФФП и да покажат поголем профит, класично перење пари.

Со таа посетеност полесно ќе зимаат кредити, ќе можат да купуваат играчи, ќе можат да привлекуваат спонзори... Чиста математика, затоа и си направија сами стадион да не мора да делат со градот.
 
У последниве 2 години бројот на сезонски карти им опаднал од 27к на 20к продадени. Дел лошите игри, дел скапите билети имаат улога у ова, особено првото би рекол. Ама факт е дека не е ретка сликава на полупразен стадион кога е јувентус у прашање.
И тоа стадион со 40 илјади капацитет..

Како за споредба, Рома веќе унапред го распродаде Олимпико за следниве две домашни утакмици. А Олимпико збира 65-70 илјади :)
 
Ја не разбирам што е скапо во картите низ Европа? Се жалат сѐ нешто, а треба да скратат еден викенд/шетање некаде за да одат пола сезона на утакмици. Па ако си го сакаш клубот, не гледам проблем
 
Ја не разбирам што е скапо во картите низ Европа? Се жалат сѐ нешто, а треба да скратат еден викенд/шетање некаде за да одат пола сезона на утакмици. Па ако си го сакаш клубот, не гледам проблем

Еден викенд шетња за пола сезона? Колку мислиш ти дека е еден билет, 5 евра?
Во Октомври идам за Австрија и ќе бидам 2-3 дена во Виена и исто толку во Линц па добив желба да гледам Австриска Бундеслига и картите за мене се малце скапички. Значи Ласк и Рапид Виена ќе играат во гости тој период кога ќе одам, ама затоа Австрија Виена ќе ги пречека дома Салцбург. Од гуглањево деновиве и разгледување цени, јас не најдов поефтин тикет од 30 евра. Еве конкретно Рапид Виена има моментално тикети на продажба за наредниот меч дома против Штурм Грац и цената на еден билет е 40 евра. Мораш да имаш в предвид дека идат цели фамилии, а јас имам син и жена, што значи дека тоа задоволство би ме чинело 95 евра (15 евра е за деца под 14 години). Сигурно нема на жена ми да и побарам 30 евра за тикет. И тоа цениве се за Рапид со Штурм Грац, а не Австрија Виена вс. Салцбург која е веројатно најголемиот домашен меч за Австрија Виена после оној со Рапид па така очекувам тикетите да бидат најмалку 50 евра за возрасен односно 120-130 евра комплет. На ова да додадеме по еден сендвич, патот до стадион и по една-две пијачки таму, отишле 200 евра.
Еве и да си локалец ќе скокнеш една две работи ама испод 60-70 евра нема шанси да си по натпревар.

Во 2018та бев да гледам Интер - Сасуоло со тикети по 35 евра, и на крајот од денот јас бев некои 150 евра "полесен". Тука не ја вклучувам цената на хотелот кои се значително поскапи за викендите кога играат големите тимови иако е бош период за туризам. За назад метроата и бусевите се супер полни па мора да гледаш на алтернативи, особено ако си со дете, а тие алтернативи чинат многу низ Европа. Значи не е само тикетот, имаш сендвич најмалку 5 евра. Сега со оваа инфлација ништо чудно и истиот да е 10. Една ебана кока кола od 250 мл. на стадион чини 5 евра а за пивото од 0,33 мислам дека платив некои 7-8, стварно не ми текнува ама знам солени беа цените. Не викам дека не можеш и поефтино ама па не е ни фората да отидеш на стадион, да гледаш од највисокото за најефтино и да грицкаш нокти 120 минути.
 
2016та година мислам дека 70 евра плативме карта за Јувентус - Аталанта и тоа веројатно беше меѓу поевтините опции.

Чисто за споредба, повратниот лет Солун - Бергамо беше 50 евра.

Скапи беа уште тогаш картите за Јувентус, далеку е тоа од евтино. Најголем проблем за Јуве е тоа што голем дел од фановите се надвор од Торино и доаѓањето на една утакмица претставува солиден трошок. Мала им е фан базата во самиот град, тоа се гледа и по продажбата на сезонски тикети, кои дури и во најдобрите години не надминуваа 27-28 илјади.

Секако и лошите резултати си влијаат на побарувачката.
 
Јас ќе бидам во Болоња од 12 септември и гледав што играат и на 11ти ќе играат против Фиорентина дома. :((( А, на 18ти против Емполи. Се мислам дали да одам, сигурно би било лудо и незаборавно. Картите се од 25 евра.
 
Јас ќе бидам во Болоња од 12 септември и гледав што играат и на 11ти ќе играат против Фиорентина дома. :((( А, на 18ти против Емполи. Се мислам дали да одам, сигурно би било лудо и незаборавно. Картите се од 25 евра.
Da odish :D Vo Bolonja ima dobra atmosfera, ne znam i so basketot koga pochnuvaat vo Italija, si gazat i tamu vo pravenje atmosfera, plus mozhesh da birash pomegju Virtus i Fortitude.
 
Абе па некој ако толку сака, ќе одвои. Кога можам јас да двојам со месеци, за три утакмици годишно со македонска плата, сигурно можат они со италијанска/германска плата. Ајде во Германија се доста поевтини картите. Еве двајца другари ќе идат на Милан-Интер, 60 евра карта. Ќе седат најгоре, ама па ќе одат. Затоа има и различни категории и различни цени. Сфаќам дека има и плус трошоци, ама некој ако сака, ќе најде начин или ќе ги изменаџира парите. Тука не зборам за цели фамилии, туку и поединци кои не одат на утакмици затоа што им е "скапо", а даваат пари на мал милион глупости.

@SK-92 ти си добил желба да одиш, ама не ти е животен сон, ниту па си верен фан на австриските клубови. За некој што се декларира како фан, 19 утакмици по 60 евра, не треба да е многу. Не мора да јаде и да пие на стадион, ако не може да си дозволи. Ама да си фан на клубот и да не одиш, ми е несфатливо.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom