Не ги гледам како тебе викенд за викенд, морам да признаам.
Ама сезонава доста почесто ги гледам, нормално кога нема добра ПЛ утакмица во истиот период или кога игра Реал, бидејќи интересна ми е трката за титула сезонава во Сериа А.
Те разбирам од каде поаѓаш за муабетов, меѓутоа единствената причина поради која што не го кривам тренерот е тоа што во првиот дел од сезоната Интер не мачеше мака со постигнување на голови, односно со ефикасноста на екипата.
Истата такатика ја играа и тогаш, и истите задачи на теренот ги имаа играчите, меѓутоа сега од еднаш Интер мака мачи дури и со послаби екипи да постигне гол и ова мислам дека повеќе е причина поради променливата форма и неконстантноста на одредени поединци во екипата, отколку на некои тактички замисли на тренерот.
Зашто пази, Интер сезонава има постигнато 63 голови, односно највеќе голови во цела лига.
Од тие 63 голови, само 14 голови има постигнато од 01.01.2022 година до сега, од кои 5 се против Салернитана.
А за мотивацијата ти кажав, не е дека Интер немаше мотивација за освојување на титула па чекаа ваква победа над конкурентот за да се кренат психички и да растурат се до остатокот на сезоната.
Баш ќе видиме, еве според тебе сега се доволно мотивирани за да наредат 4-5 победи во низа, меѓутоа јас мислам дека ќе се измачат да постигнат гол и во наредните натпревари.
Ја играа истата тактика, ама и доста голови постигнуваа од прекини, и така ги отвараа противниците, беа поодморни, прв дел на сезона, многу подобро се движеа на терен и со посед на топка и без, плус дел од тие голови беа во големи победи ко таа со болоња, рома и салернитана, тука само 15 голови постигнаа. Не е прв пат играта на Интер да биде прочитана, ете во темата на Интер баш поставив неколку слики од вчера и колку лошо се однесуваме во момент кога би можел тимот да создаде добра прилика за гол.
Тоа што Кореа во таа ситуација го имаше е чест случај во натпреварите со Џеко и Лаутаро, кога патува топката до нив у тој краток временски интервал они немаат солуција што би изиграле а се свртени со грб према противничкиот гол и над нив виси дефанзивец. Во таква ситуација шансите да се изгуби поседот се многу големи, плус на ова ќе го додадам и заморот кој удри во втор дел од сезона, не можеме сезоната парцијално да ја гледаме и делиме, прв дел им идело, втор дел мака мачат, ја грешката ја лоцирам во тактиката, не поставеноста на играчите, сеедно тоа, туку начинот на кој истите се однесуваат во игра без топка и ова нема врска дали е 352, 442, 433, небитно е тоа.
На крај краева ко што ти реков, играчите во фаза од напад се оставени на нивната креативност, некад тоа пали, некад не, кога тоа ќе испари тренерот е тој што треба да им посочи како до бушење на противниците преку уиграни акции, факт е дека постигнување на голови и креирање на шанси е многу полесно кога противничката одбрана не е позиционирана, отколку кога истата е веќе формирана, е Интер се обидува вака да дојде до гол, а во втор дел од сезоната и головите од прекин испаднаа така да не изненадува што секнаа головите.
Погледни го видеото од твитот во наша тема, Барела ја има топката во него 8 секунди, се дрибла со тројца играчи на јуве, ги поминува, уште еден мислам нанижа и подаде, со тој пас он од игра во одбрана исфрла дури 8 играчи на Јуве. За тие 8-9 секунди останатите играчи на Интер само го гледаат статично и очајно лошо се движат, и цел тој труд на Барела отиде узалуд што би рекле србите. Тука Реал/Сити/Ливерпул може немаше да дадат гол, ама ќе направеа контра со вишок играчи и ќе беа во ситуација лесно да постигнат гол.