Serie A 2021/2023

  • Креатор на темата Џонтра Волта
  • Време на започнување

Шампион?

  • Вкупно гласачи
    292
Статус
Затворена за нови мислења.
O

ob1

Гостин
Можда беше на линија, ама мислам дека причината што не даде пенал е пошо не беше доволно јак контактот ни за фаул, камо ли за пенал.
Дозволи физички да се игра, дозволи боречки зафати, дозволи кршење аркади и кунг фу у стомак. По мене ова е премалку за пенал, а очигледно и според судиите у ВАР собата.
Па не може со ВАР да ја поништи одлуката за досудениот фаул, ама ако заклучиле дека не е ни за фаул, зашто да суди пенал? Тогаш остана одлуката на терен.
По тебе, следново хипотетичко сценарио е невозможно?
1. Свири фаул надвор.
2. Гледаат ВАР, заклучуваат дека нема доволно елементи за пенал (преблаг контакт/нема фаул), дури и да е внатре контактот.
3. Останува одлуката на терен.
Не дупиш сите тука намерно така, не си сериозен?
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.244
Поени од реакции
18.448
Можда беше на линија, ама мислам дека причината што не даде пенал е пошо не беше доволно јак контактот ни за фаул, камо ли за пенал.
Дозволи физички да се игра, дозволи боречки зафати, дозволи кршење аркади и кунг фу у стомак. По мене ова е премалку за пенал, а очигледно и според судиите у ВАР собата.
Брат судијата свирна фаул. Ако фаулот беше на линија, тогаш само од ВАР ќе му ја пренасочеа одлуката од слободен удар да досуди пенал, без воопшто да гледа, бидејќи тоа е објективна одлука (внатре или надвор).

Мое мислење е дека малку ги штелуваат сликите, мене ми се виде за време на преносот дека прекршокот беше надвор од шеснаесетникот. Баш после ќе видам на Арена и ќе се обидам да ја стопирам снимката.
 
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Мислам дека внатре/линија на 16 имаше контакт горе, односно Бастони со тело го гурна Закарија a надвор од 16 имаше контакт доле по нозе по што и беше свирнат фаул.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
4.249
Поени од реакции
10.329
Брат судијата свирна фаул. Ако фаулот беше на линија, тогаш само од ВАР ќе му ја пренасочеа одлуката од слободен удар да досуди пенал, без воопшто да гледа, бидејќи тоа е објективна одлука (внатре или надвор).

Мое мислење е дека малку ги штелуваат сликите, мене ми се виде за време на преносот дека прекршокот беше надвор од шеснаесетникот. Баш после ќе видам на Арена и ќе се обидам да ја стопирам снимката.
Не знам, јас лично од снимкава не можам да разграничам дали контактот е внатре или надвор. Можда дури делува повеќе на внатре.

Член од
4 октомври 2010
Мислења
8.536
Поени од реакции
15.016
Пенал во фудбал е најголема предност што може да ја добие еден тим, веројатно не споредлива со ни една таква одлука во било кој друг спорт.

Фудбал е спорт на најмалку поени (голови), а пенал e огромна шанса за гол (ме мрзи да проверувам колку е статистички).

Е сега, ако имаш некоја контра, те фаулира на 17 метри, противникот во најлош случај по него ќе остане со играч помалку. Значи, може дури и голманот да го направи прекршокот, во спротивно овој излегува сам пред празен гол. А оштетената екипа сега добива само слободен од 17 м.

А замислете да е 93 минута и нема ни можност да се искористи и таа предност со фудбалер повеќе.

Од друга страна, погледнете ги двете ситуации од вчера, едната е пенал, а другата не е само поради проценка дали стартот е на линија.

Не што не се 100% шанси, туку повеќе може да се каже дека не се ни никакви шанси. Едниот заграден со двајца, во лош агол, другиот свртен кон аут линија и излегува од 16м.

Но и двете (да земеме дека се пенали), носат огромна предност за екипите во чија корист се досудени. А шансите за гол пред да бидат направени прекршоците се никакви, додека во првиот случај влегуваш во 100% шанса, а добиваш само слободен.

По мене, ова е ептен неправедно. Не сум сигурен што би требало да се превземе, но не е лошо да се промени нешто.
 
Последно уредено:

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
5.774
Поени од реакции
8.037
Пенал во фудбал е најголема предност што може да ја добие еден тим, веројатно не споредлива со ни една таква одлука во било кој друг спорт.

Фудбал е спорт на најмалку поени (голови), а пенал e огромна шанса за гол (ме мрзи да проверувам колку е статистички).

Е сега, ако имаш некоја контра, те фаулира на 17 метри, противникот во најлош случај по него ќе остане со играч помалку. Значи, може дури и голманот да го направи прекшокот, во спротивно овој излегува сам пред празен гол. А оштетената екипа сега добива само слободен од 17 м.

А замислете да е 93 минута и нема ни можност да се искористи и таа предност со фудбалер повеќе.

Од друга страна, погледнете ги двете ситуации од вчера, едната е пенал, а другата не е само поради проценка дали стартот е на линија.

Не што не се 100% шанси, туку повеќе може да се каже дека не се ни никакви шанси. Едниот заграден со двајца, во лош агол, другиот свртен кон аут линија и излегува од 16м.

Но и двете (да земеме дека се пенали), носат огромна предност за екипите во чија корист се досудени. А шансите за гол пред да бидат направени прекршоците се никакви, додека во првиот случај влегуваш во 100% шанса, а добиваш само слободен.

По мене, ова е ептен неправедно. Не сум сигурен што би требало да се превземе, но не е лошо да се промени нешто.
Се е џабе, ВАР требаше да му помогне на фудбалот во секакви ситуации. Вака само го уништија уште толку фудбалот додека целиот свет гледа што се случува. Одлуките мора да се носат праведно, ако им фали уште камери нека си стават, дури и ако треба нека гледаат по 10 минути за вакви ситуации. Да го исклучиме ете и вчерашниот меч... грешки има доста и тоа мора да се поправи. Вчера бил Јуве, завчера Милан, утре ќе биде интер и тоа нема крај.

Смешно е некогаш што мислиме ајде ништо, ќе го истрпиме ова. Но за оваа сезона жив пример е Милан, веќе со праведно судење сигурно ќе бегаше +10.
 
Друга ми беше поентата, нема врски дали се грешки или најисправни одлуките. Самите правила ми делуваат неправедно.
 
Syn

https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
Член од
23 декември 2007
Мислења
30.318
Поени од реакции
46.917
Шо е со видеава, снимени со Nokia 3310? Еве ви извадок у 1080p од Арена (кликнете долу на HD), чист пенал... и слики од контактот.

И на оваа слика што ти си ја ставил најубаво се гледа зашто не дадоа пенал а ја гледаа цела оваа ситуација сигурно и од многу подобри агли добри 3-4 минути.

1649077449838.png

Ако пробаш да го анализираш моментот на контакт, што они го правеа, значи не Бастони каде е, а повеќе е внатре во 16, туку моментот на контакт на неговата лева нога, со десната нога на Закарија. Види ја сликава убаво, види каде е задниот дел од копачката на Бастони, фаќа само дел од линијата на шеснаестерецот, а контактот на Бастони, пак ќе кажам, прикажан од видео и слика кои ти самиот ги стави, е направен со коленото, потколеница, сеедно, односно, надвор од шеснаестерецот, милиметри се во прашање, ама контактот, односно фаулот, е направен надвор, не на линија или внатре.

Eве и од другата страна

1649077633871.png

Така да ако петата му фаќа само мал дел од надворешниот дел од линијата на шеснаестерецот, логично ако размислуваш, делот од ногата со кој Бастони фаулира, е надвор. Нив тоа им е битно, каде е контактот, а не каде е позициониран Бастони, а контактот е надвор, и имаше подолг прекин за да го констатираат истото.

Сеедно дали ќе го сфатиш ова ко субјективно или објективно мислење, самиот постави видеа и стопирани кадри па ете, ги анализираме истите. А истото го правеле и стручни лица вчера во ВАР собата.
 
Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.244
Поени од реакции
18.448
Пенал во фудбал е најголема предност што може да ја добие еден тим, веројатно не споредлива со ни една таква одлука во било кој друг спорт.

Фудбал е спорт на најмалку поени (голови), а пенал e огромна шанса за гол (ме мрзи да проверувам колку е статистички).

Е сега, ако имаш некоја контра, те фаулира на 17 метри, противникот во најлош случај по него ќе остане со играч помалку. Значи, може дури и голманот да го направи прекршокот, во спротивно овој излегува сам пред празен гол. А оштетената екипа сега добива само слободен од 17 м.

А замислете да е 93 минута и нема ни можност да се искористи и таа предност со фудбалер повеќе.

Од друга страна, погледнете ги двете ситуации од вчера, едната е пенал, а другата не е само поради проценка дали стартот е на линија.

Не што не се 100% шанси, туку повеќе може да се каже дека не се ни никакви шанси. Едниот заграден со двајца, во лош агол, другиот свртен кон аут линија и излегува од 16м.

Но и двете (да земеме дека се пенали), носат огромна предност за екипите во чија корист се досудени. А шансите за гол пред да бидат направени прекршоците се никакви, додека во првиот случај влегуваш во 100% шанса, а добиваш само слободен.

По мене, ова е ептен неправедно. Не сум сигурен што би требало да се превземе, но не е лошо да се промени нешто.
Една од опциите е пенал да се свири само за прекршок во 5те метри или нешто сл. Се друго да биде слободен удар.
 
Член од
6 ноември 2014
Мислења
4.249
Поени од реакции
10.329
Една од опциите е пенал да се свири само за прекршок во 5те метри или нешто сл. Се друго да биде слободен удар.
Колку контакти има у 5 метри жити се? Дали 1% од пеналиве се таму. Ама пример никад не би судел пенали ко овој на Закарија или тој на Џеко со Де Шиљо прошлата, кога топката иде према аут линија и се со грб накај гол, поготово за слаби контакти. Ама од друга страна не можеш да ги игнорираш контактите, кога на било кој друг дел од теренот тоа би било фаул.
 
Член од
11 октомври 2010
Мислења
6.981
Поени од реакции
23.921
хахахахаха хаос.
Кога на нивните тимови им се судеа пенали во кои играчите немаа никаква шанса за гол, тогаш тоа било така затоа што се гледало ВАР. Едноставно секој контакт морало да се свири. Ова особено беше констатирано од самите јувенташи кога им се свирна оној пенал против Аталанта кога Мората беше свртен со грб и на ивица од шеснаесетник без никаква опасност према голот на Аталанта.
Сега стигнавме до тоа нови правила да се воведат од типот само за прекршок во 5те метри. :pos:
Интересно било да се читаат коментари на јувенташи каде сметаат дека нивниот тим е оштетениот. Горилаз не спиел цела вечер, сечел пустел правел аплоудирал, зумирал за да докаже дека било на линија. ХОХОХОХОХООХОХОХОХОХО најдобар Понеделник на темава.
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.942
Поени од реакции
67.676
Пенал во фудбал е најголема предност што може да ја добие еден тим, веројатно не споредлива со ни една таква одлука во било кој друг спорт.

Фудбал е спорт на најмалку поени (голови), а пенал e огромна шанса за гол (ме мрзи да проверувам колку е статистички).

Е сега, ако имаш некоја контра, те фаулира на 17 метри, противникот во најлош случај по него ќе остане со играч помалку. Значи, може дури и голманот да го направи прекршокот, во спротивно овој излегува сам пред празен гол. А оштетената екипа сега добива само слободен од 17 м.

А замислете да е 93 минута и нема ни можност да се искористи и таа предност со фудбалер повеќе.

Од друга страна, погледнете ги двете ситуации од вчера, едната е пенал, а другата не е само поради проценка дали стартот е на линија.

Не што не се 100% шанси, туку повеќе може да се каже дека не се ни никакви шанси. Едниот заграден со двајца, во лош агол, другиот свртен кон аут линија и излегува од 16м.

Но и двете (да земеме дека се пенали), носат огромна предност за екипите во чија корист се досудени. А шансите за гол пред да бидат направени прекршоците се никакви, додека во првиот случај влегуваш во 100% шанса, а добиваш само слободен.

По мене, ова е ептен неправедно. Не сум сигурен што би требало да се превземе, но не е лошо да се промени нешто.
Сум размислувал на оваа тема премногу. Имаше случај во португалска лига каде играч трча со топка во контра смер од голот, на поставена одбрана, го сопнува играч од позади, скоро накај корнер знаменцето, и свират пенал, налик она на Закариа вчера што можеше да се свирне како пенал.

Проблемот ке настане во моментот кога судијата субјективно ке треба да процени што е изгледна гол шанса, а што не. Затоа и мислам дека сеуште вака слепо се држат дека секој фаул внатре е пенал, без оглед на тоа какви изгледи имал играчот за гол.
 
O

ob1

Гостин
Лаутаро го усерува зашто прима топка на центар, свртен со грб накај гол, и притоа не е во ситуација да даде асален пас до соиграч, истото го прави и Џеко кој е многу подобар во таква ситуација.
Движењето без топка на играчите е многу лошо, премногу се статични кога напаѓаат и споро се префрлаат останатите на противничка половина, или се иде ко во баскет, смирува игра плејмекерот и се трга во напад кога веќе одбраната на противникот е позиционирана онака како што тренирале.

Не ги гледаш Интер често претпоставувам, ама да ги гледаше немаше да ти текне кога последен пат успеале да дадат гол од контра и да искористат што повеќе играчи на противникот се на противничка половина , а имаат играчи во ростер кои тоа може да го изнудат, не е само Хакан во прашање.
Не само гол, и шанса од контра не памтам кога направиле, а тоа до лани ги красеше на пример, и општо у фудбал ова е нешто што секој голем тим го прави моментално, Реал на пример трејдмарк му се контрите на Карло и искористувањето на дупките во одбрана што другиот тим ги има откако дел од играчите што треба да помагаат назад, се напред.

Интер смирува игра увек и темпо, наместо напред, идат назад, или до Ханда или до Броз, за тоа време противникот е спремен да брани, или па да врши организиран пресинг, ова за тренери што тоа го милуваат.

Така да не е точно ова со Хакан, како тим немаат план како да нападнат, со Конте играа ко у баскет, нацртани акции имаа и цело време одеа по тој план, него ко џокер у покер му дое тоа што немаше публика цело време им се дереше кој каде да стои и све се слушаше на терен.

Со Инзаги имаат поголема слобода во фаза од напад, тоа Барела на старт од сезона го кажа, оставени се сами да одлучуваат и ова сметам дека е голема грешка на тренерот. Пример Реал кога прави контри, одат онака како што им се дадени насоки од тренерот и онака како што тренирале, секој знае каде да се насочи без разлика дали има топка у него или не, исто е и со Пеп инстантно после одземена топка, па кога да даеш гол ако не у ситуација кога противникот нема позиционирана одбрана. Интер чека да се позиционираат па да нападнат, и тоа го прават константно така да тоа ти е насока од тренер и нема врска со играчите. Затоа и нападот ни е анемичен у задњи неколку месеци, а се ротираат се праат комбинации, и со сите играчи истото е и тоа не е случајно, прелесен залак сме моментално кога напаѓаме и прекините ни се главна закана за противничките голови, нешто што многу пати не извадило сезонава, мислам дека сме убедливо први во тој сегмент.

Реков вчера, ова нема кога да се смени во овој дел од сезоната, тоа е што е, ама може многу да не извади победата од вчера во поглед на мотивација и самодоверба, и тоа да ни донесе резултати, ја на тоа се надевам повеќе, за играта и промени тука потребно е мислам цело лето, и нови тренинзи и секако нови играчи.
Не ги гледам како тебе викенд за викенд, морам да признаам.
Ама сезонава доста почесто ги гледам, нормално кога нема добра ПЛ утакмица во истиот период или кога игра Реал, бидејќи интересна ми е трката за титула сезонава во Сериа А.

Те разбирам од каде поаѓаш за муабетов, меѓутоа единствената причина поради која што не го кривам тренерот е тоа што во првиот дел од сезоната Интер не мачеше мака со постигнување на голови, односно со ефикасноста на екипата.
Истата такатика ја играа и тогаш, и истите задачи на теренот ги имаа играчите, меѓутоа сега од еднаш Интер мака мачи дури и со послаби екипи да постигне гол и ова мислам дека повеќе е причина поради променливата форма и неконстантноста на одредени поединци во екипата, отколку на некои тактички замисли на тренерот.

Зашто пази, Интер сезонава има постигнато 63 голови, односно највеќе голови во цела лига.
Од тие 63 голови, само 14 голови има постигнато од 01.01.2022 година до сега, од кои 5 се против Салернитана.

А за мотивацијата ти кажав, не е дека Интер немаше мотивација за освојување на титула па чекаа ваква победа над конкурентот за да се кренат психички и да растурат се до остатокот на сезоната.
Баш ќе видиме, еве според тебе сега се доволно мотивирани за да наредат 4-5 победи во низа, меѓутоа јас мислам дека ќе се измачат да постигнат гол и во наредните натпревари.
 
Последно уредено од модератор:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom