После утакмицата на Интер против Порто баш правев муабет со
@Syn во врска со дуелот на Интер против Бенфика.
Од таа утакмица против Порто до сега, апсолутно ништо не е променето на подобро во играта на Интер.
Како тогаш и сега, мислам дека Бенфика ќе ги помине Интер.
Единствен начин Интер да помине во тој дуел е на искуство и на име, некои резултати како 0:0 или 1:0 за Интер, но во никој случај нема да ја надигра Бенфика ниту резултатски ниту на терен.
За Милан не знам, како за Наполи така и за Милан важи тоа што најнезгоден противник што може да ти се падне во елиминациона фаза на ЛШ е тим од истата лига во која што играш. Зашто за разлика од fear факторот кој што ќе го има Интер против Бенфика, таква предност нема да има ниту Милан над Наполи, ниту па Наполи над Милан. Не знам какви се вестите во однос на Осимен и дали ќе игра против Милан во првиот дуел, меѓутоа неговото играње/не играње ќе има голема тежина на тој дуел.