Одлични беа Ливерпул против Милан во првите 30 минути, Јуве немаше таква доминација.
Според мене, двете екипи тргнаа жестоко, но грешката на Тео (па и Салемакерс), плус изборот на Пиоли во одбраната придонесе Јуве да биде многу подобар на почетокот на натпреварот. Тео се изгуби скроз после грешката, плус лево Алегри убаво ги затвори со Данило и Квадрадо, а десно Пиоли заврши работа Милан да не биде опасен.
По воведот почна Милан да се стабилизира и да презема иницијатива, особено после повредата на Кјаер, иако сето тоа беше безопасно. Јуве ќе запретеше со некој шут надвор од 16м.
Како поминуваше Милан преземаше поголема иницијатива, а Јуве се бранеше и тоа добро во низок блок. Без класичен напаѓач, плус лошо движење во напад на тие што играа, Милан немаше никакви шанси да даде гол. Мора да се признае. Но Јуве беше добар само во еден сегмент - одбраната, а не правеше ништо друго. Е сега, кога некој ти се мота околу шеснаесетникот цело второ полувреме, може да ти даде гол без разлика колку добро се браниш. Шут и некоја одбиена топка, прекин, пенал.
По голот на Ребиќ, кога Јуве требаше и проба да нападне, Милан доби простор да ги искористи своите предности и многу лесно можеше да си замине со три бода.