Од секогаш ме интересирало што е со бројкиве што ги носат играчиве во Серија А. Овој со тарабуката одбрал 90, и Лукаку исто, ај нив ќе ги разберам 9ката била зафатена па нешто слично демек одбрале, ама имаш играчи што носат некои бош броеви како 56, 95, 83, 59 и слично.
Роналдињо кога дојде у Милан му дадоа 80ка да носи.
Од секогаш ми бил чуден изборов на бројките, дали е ова до играчите или клубовите им ги наметнуваат овие бројки?
Сидорф нејќеше да му ја даде 10ката и затоа зема 80ка, година на раѓање.
Си бираат играчите броеви иначе, на повеќето им има некое значење. А и клубот одлучува секако, не може секој да бира јаки бројки.
Миланче у Интер носи 37ца ради Мартин Шкртел, идол му бил.
Брозовиќ 77ца одбра у Интер кога дојде пошто највише му личела на 11ка што ја носел у Динамо.

Бастони не знам зашто 95ка носи. Ваљда тој му останал ко влагаше у прв тим, на список, ваљда барале бројки на сите играчи што се пријавени.
Барела 23 ради ЛеБрон Џејмс.
Напаѓачиве па како најобележани да се, само 9, 10, 11 и 7 ги зимаат ако се достапни, ако не, бираат чудни бројки како 99ка - ова па ама ме нервира у задње време, 90, 77 Кварезма у Интер дека 7цата мислам дека Фиго ја носеше, и слично.
Некои па комбинираат на пример ако нема 10ка слободна, зима 28ца. Сеоски обид за Заморано.

И такви некои комбинации.
Некои па играчи не се замараат, што е достапно тоа зимаат.