Така се гледа на Интер пошто медиумите створија малце помпа околу нова распродажба, немање пари, криза и слично за после кога видоа дека Интер не мора баш да продава у истиот момент и дека таквото нешто може да се одложи за следните 2 трансфер периоди, си легнаа на брашното и заќутеа.
Не дека не е точно тоа што се пишуваше ама многу се летаа на почетокот со најавите за егзодус и се створи слика дека Интер е готов.
А у реалноста се врати Лукаку, ниеден битен играч не се продаде, некои позиции се појачаа со солидни/добри играчи за ротација, останува одбраната да чкрипиm пред се прва резерва, ама коа ќе се погледнат останатите конкуренти ќе се види дека скоро никој нема така комплетна одбрана, кај сите има фалинки.
Ако добро видов според кладилнициве Интер е прв фаворит.
Што се однесува до Рома, има еуфорија малце што е и нормално после титула па каква сака нека биде истата, после трансферот на Дибала, Мурињо е тука кој знае да запали маса. Одбраната и не им е баш така слаба ко што се збори, 5-та одбрана имаа у лига лани, не двоеа многу од останатите, па само од Интер примија 6 комада на двомечот, ете им ја разликата до на Јувентус одбраната.
Појачани се малце, ваљда видоа дека Мурињо им е правиот човек и ќе немаат испади како некои глупости на Заниоло, тој Залевски што се курчеше и уште некои такви чаталџии, земаа искусни играчи како Матиќ и Вајналдум, тој бекот од Лил, Дибала, најверојатно Белоти ќе им дојде у ротација, ако остане Заниоло, Спинацола е вратен од повреда, ако копнат уште некој квалитетен штопер до крај ќе бидат сосема респектабилен тим.
Уопште не се послаби од Наполи. А се појаки од Аталанта, Лацио и Виола.
Очекувам Рома до крај да се бори за ЛШ пласман.
Јувентус не треба никад да се отпишува, гнасна екипа се, ќе заредат 13 победи по ред ко лани после нова година и оди стигни ги после, таков е Алегри копиле од човек, мазохист, ќе се смее со тоа забите како на Стив Бушеми додека води 1-0 против Кремонезе дома и се брани со 30 души у одбрана, ама на крај битно запечатил 9та победа у низа со гол разлика 8-0.
Милан, Интер и Јувентус ќе се борат за титула до крај, ко лани ќе биде докај 35-6то коло нема да се знае на што сме.
Светското многу работи ќе смени, убави вика Тркачот.