Токму заради ова и мислам така како што пишувам. Што аир видовме ние од Санчез на пример? На крај дури и му плативме да си оди. Ок, ни се најде на моменти, ама воопшто не беше тоа што очекувавме и можеби и со друг поефтин играч ќе имавме ист ефект. Реков, не е лош како опција плус ама не е некое засилување да крене квалитет како тоа што го направи Жиру кој истотака дојде за нула.
Па бујрум пиши твои предвидувања а не да ќутиме цела сезона па ако Милан освои пак на кур ќе се качиме со смешките за Хакан, а ако не ќе си се повлечеме од темава. Јас мислам дека втора половина од сезоната Милан ќе има пад. Да сум бил мајстор во предвидувања немаше да работам од другата страна на кладењето туку ќе живеев кладејќи се и многу лесно овие мои коментари можат да бидат предмет на потсмев за некои 8 месеци ама ме заболе стапот. Мислам дека Рома има моментум како никој друг во Серија А моментално и мислам дека Мурињо ќе им обезбеди топ 4. Тоа дали некој завршил 2, 3 или 4 на крај од сезона не е битно. Сите идат ЛШ а никој не е шампион. А објаснив претходно зашто мислам дека они ќе завршат пред Милан.