DeviAngel
Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Дибала - Абрахам ќе биди ептен интересно да се гледа би биле опасен тандем 

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Дибала - Абрахам ќе биди ептен интересно да се гледа би биле опасен тандем![]()
Јас ја разбирам логиката за инвестирање во играчи на кои ќе им се зголемува вредноста, ама искрено како фан во никој случај не би сакал тоа да е приоритет на мојот тим, наспроти засилување на тимот за сезоната која им претстои.
Секако, освен ако позицијата веќе не е покриена со солиден играч, што во овој случај не е, таму го имате само Диаз на позајмица.
Факт е дека Милан ланската титула ја освои како колектив, и баш со такви трансфери, ама исто така факт е дека за добар дел од нив малку требаше и да се почека пред да си го исполнат потенцијалот, и јас да сум фан на Милан, во моментов би сакал тимот да го направи тој исчекор во квалитет на пазарот без бафер период во кој потенцијално можат да се случат и заминувања и други претурбации, кои на крај можат да коштаат и пропуштени титули.
Секако, логиката на инвестирање во системски играчи наспроти силни индивидуалци стои, ама мислам дека овде повеќе се работи за одржување на политиката на ниски плати, отколку дека Пиоли би имал нешто баш против Дибала од тактичка перспектива и би го избрал де Кетеларе пред него поради тоа.
Па добро, и за Белгиецов е прашање дали Милан ќе заработи или ќе си оди на фри по тие неколку години откако ќе стане подобар фудбалер.![]()
Лично од секогаш сум ценел давање предност на млади таленти и градење колектив. Тоа е и една од причините што на пример многу ги поштувам Арсенал во последно време.Затоа што Милан секогаш дава предност на млад, просперитетен и модерен тимски играч, а не на добар индивидуалец, непретерано лесен за вградување во некаков систем, што е впрочем и причина зошто нема некоја помама по Дибала, но веќе и по Роналдо (во тие години).
Преферираат друг тип на играч, тоа е главното, со политиката да се бираат млади, талентирани фудбалери, кои ќе добијат на квалитет и вредност. Значи за три-четири години да имаат подобар фудбалер, а не на залез на кариерата, од кој нема да може ни да се заработи.
Верувам дека Дибала можеби од старт ќе даде некој поголем придонес, не се сомневам дека ќе има голови, асистенции, некои екстра потези, но целиот тим особено на подолг рок, повеќе би имал корист од Де Кетеларе.
Случајот на Дибала е најдобар пример зошто постојат професионални агенти. Агенти другарчиња од маало во денешниот фудбал не можи посебно за недефиниран играч ко него. На крај пак прифати најреална понуда за неговиот квалитет, 4.5м плус 1.5 бонуси но далеку помала од таа на Јуве.Имиџ правата ради кои начелно се здави со Јуве нема да вредат толку после 2-3 години редовни настапи во Куп Уефа.
Ваков автогол не памтам некој да си дал. Алал да му е.
Ако некој е спремен да дискутира и да образложи повеќе од "хехе" и "шашав", спремен сум внимателно да прочитам и да одговорам.
Автоматски споено мислење:
Не е екстра класа! Се очекуваше да биде, но не стигна до така високо ниво.
Да ми помине еуфоријата од Дибала па ќе бидам спремен да дискутирам
Уствари, еве на кратко, како од една страна тврдиш дека Дибала е краткорочно решение, божем го купуваш Жиру на 32-33 години??
А од друга страна велиш детево од Белгија на долг рок повеќе ќе се исплатил и тимот ќе имал повеќе корист од него??
Еден Итурбе го купивме 30мил и дечкото за две години го снема од фудбалската мапа, а не па да ни биде долгорочно решение и корисен за тимот мн години во иднина...