Serie A 2021/2023

  • Креатор на темата Креатор на темата Џонтра Волта
  • Време на започнување Време на започнување

Шампион?

  • Вкупно гласачи
    292
Статус
Затворена за нови мислења.
@МаксАлегри гледај сине.
 
Како прво Најк им ја има правено, а тоа што им го оставиле на Интер е тажно, исто како транзициите правени во Повер Поинт.
 
Пречудно ми е како Милан нема сериозно загризано за Дибала, сè се збора дека е сведено на Рома и Наполи, а дека Дибала идеално чека понуда од Интер, Милан веќе не се ни споменува.

Кај Интер ми е јасно зошто е заглавена работата, реално не можат да направат ништо дури не се отарасат барем од Санчез, а и приоритет им е да се заврши прво Бремер/евентуална продажба на Шкринијар, ама Милан не ми се јасни, се запнале за тој од Бриж де Клетлерлерлелеаре цело лето дрш-недај со Лидс, небаре го договарат де Брујне лично и персонално, а Дибала чека на пенал.

Леао, Дибала и било кој десно позади Жиру/Ориги би бил многу опасен напад, не знам зошто се колебаат.
 
Затоа што Милан секогаш дава предност на млад, просперитетен и модерен тимски играч, а не на добар индивидуалец, непретерано лесен за вградување во некаков систем, што е впрочем и причина зошто нема некоја помама по Дибала, но веќе и по Роналдо (во тие години).

Преферираат друг тип на играч, тоа е главното, со политиката да се бираат млади, талентирани фудбалери, кои ќе добијат на квалитет и вредност. Значи за три-четири години да имаат подобар фудбалер, а не на залез на кариерата, од кој нема да може ни да се заработи.

Верувам дека Дибала можеби од старт ќе даде некој поголем придонес, не се сомневам дека ќе има голови, асистенции, некои екстра потези, но целиот тим особено на подолг рок, повеќе би имал корист од Де Кетеларе.

На Милан му треба фудбалер со такви карактеристики, на модерниот фудбал му треба таков фудбалер.

Кога ќе (и ако) дојде се може да биде, но сигурен сум дека Челзи (Тухел или било кој "системски" тренер), не би се откажал од Хаверц за Дибала. Го земав Хаверц, затоа што овој по кого тргнал Милан, го споредуваат со него.

По мене изборот е сосема логичен.

А на Дибала, мислам дека најдобро би му било да отиде во Наполи, а втора опција Рома.
 
Верувам дека Дибала можеби од старт ќе даде некој поголем придонес, не се сомневам дека ќе има голови, асистенции, некои екстра потези, но целиот тим особено на подолг рок, повеќе би имал корист од Де Кетеларе.

:eek:
 
Не знам што е чудно. Дибала е играч што се мачи со повреди. Екстра класа е ама има причина зашто никој голем клуб не му нуди тоа што бара, а ни останативе јаки клубови од европа не се толку луди по него. Во долгорочен период Милан повеќе корист ќе има од овој Белгијецов него ли од Дибала. Значи збориме долгорочно. Додека Дибала може да даде инстант импакт ама пак не е сиугрно колку долго тоа би траело и како би се носел со повредите.
 
Ако некој е спремен да дискутира и да образложи повеќе од "хехе" и "шашав", спремен сум внимателно да прочитам и да одговорам. :cool:
Автоматски споено мислење:

Дибала Екстра класа е

Не е екстра класа! Се очекуваше да биде, но не стигна до така високо ниво.
 
Екстра класа е во споредба за парите за кој може се земе. Иначе се согласувам ни приближно не ги достигна очекувањата кој се имаа од него. Што од повреди, што од карактер. Има причина зашто нема воопшто понуди до него и сеуште некој посериозен европски клуб не загризал за него.
 
Јас ја разбирам логиката за инвестирање во играчи на кои ќе им се зголемува вредноста, ама искрено како фан во никој случај не би сакал тоа да е приоритет на мојот тим, наспроти засилување на тимот за сезоната која им претстои.
Секако, освен ако позицијата веќе не е покриена со солиден играч, што во овој случај не е, таму го имате само Диаз на позајмица.

Факт е дека Милан ланската титула ја освои како колектив, и баш со такви трансфери, ама исто така факт е дека за добар дел од нив малку требаше и да се почека пред да си го исполнат потенцијалот, и јас да сум фан на Милан, во моментов би сакал тимот да го направи тој исчекор во квалитет на пазарот без бафер период во кој потенцијално можат да се случат и заминувања и други претурбации, кои на крај можат да коштаат и пропуштени титули.

Секако, логиката на инвестирање во системски играчи наспроти силни индивидуалци стои, ама мислам дека овде повеќе се работи за одржување на политиката на ниски плати, отколку дека Пиоли би имал нешто баш против Дибала од тактичка перспектива и би го избрал де Кетеларе пред него поради тоа.

Значи за три-четири години да имаат подобар фудбалер, а не на залез на кариерата, од кој нема да може ни да се заработи.

Па добро, и за Белгиецов е прашање дали Милан ќе заработи или ќе си оди на фри по тие неколку години откако ќе стане подобар фудбалер. :cool:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom