Потребни се огромни муда за во онаква славеничка атмосфера да им го поништиш голот и да ги вратиш на центар. Што ќе си става трн во здрава нога судијата, да го зборуваат во наредните 20 години како некој што им украл скудето, можеби и да си ја заврши кариерата инстантно после одлуката. Нема судијата што ќе ја преиначеше одлуката, кога веќе не свирна ништо веднаш по контактот. Ни еден судија нема да се експонира до крај, и Интер и Милан ќе во последно коло ќе ги добијат сите важни одлуки што се во домен на судиско убедување, па другото е на нив.
Ау што прочитав сега, потребни биле огромни муда за да се свири очигледен фаул и тоа при ВАР систем. Ај да немаше ВАР океј, не видел судијата и чао, ама вака го има сето време на светот и сите можни агли за да види дека е чист фаул.
Немој со вакви глупи муабети, не сакам Интер да добива никаква судиска помош па макар испаднале од лига, такви гомнарски работи не фала.
И безвезе муабет ти е ова со репутацијава, според мене вака поише си ја наруши со тоа што не отиде да гледа, и он и Ирати до душа.
Значи некогаш на сред ден, на сред работа, со милион ствари на умов сите до една поважни од муабетиве што ги правиме на форум, ќе ме изиритира гадно да морам да правам пауза од се за да му се изнавикам. Ете колку ми е глуп муабетот зборува и тоа што само ти си ставил хехенце, ама тоа настрана: ти имам кажано и порано дека ме нервира кога не ме дочитуваш или не се обидуваш да размислиш а трчаш да ми одговориш. Никаде не пишав во постот дека Интер треба да добие судиска помош, туку пишав дека
судиски одлуки што се во домен на судиско убедување нема да се свират контра Интер или Милан во последниве кола, затоа што ни еден судија нема намера да биде прогласен за судија кој украл некому скудето.
Ова можеби ти е глупаво тебе ама не и на тие кои не ставиле хехенце, па сега се расправаш со неколку души и не ти е јасно дека не си во право. Никој, пак ќе ти повторам, никој, нема да ти поништи гол во таа ситуација
. И само да ти доловам колку погрешно си ја проценил ситуацијата кога велиш
:
И безвезе муабет ти е ова со репутацијава, според мене вака поише си ја наруши со тоа што не отиде да гледа, и он и Ирати до душа.
Во кој универзум повеќе си ја нарушил репутацијата што не досудил, кога никој не се ни замара со него деновиве, ни фанови на Интер претерано не се замараат многу со ситуацијата. Го има на насловни страни? Не. Го дадоа на дисциплинска? Не. Разулавени фанови повикуваат да се казни? Не. Никој не се замара.
Да го поништеше голот ќе го имаше на сите можни насловни во спортски весници, фанови на Милан и сите што се контра Интер а работат во спортски медиуми ќе бараа да му се забрани да суди, ќе добиваше закани по телефон од лути навивачи, сето тоа што му се случи на Папареста на времето.
Да, контакт имаше и можеше да го досуди одма, наместо тоа пушти да се игра, падна гол, од Вар очигледно не му сугерираа да поништи, и сега ќе оди тој ќе преземе цела одговорност на себе и ќе ги руши, така? Никој, никогаш и никаде.
И не ми е проблем што нема да се согласиш, ама кога ќе ми сугерираш дека глуп ми бил муабетот, а притоа ти си тој со кого никој не се согласува во врска со ова.... многу ми одиш на нерви едноставно.
Друга работа, Интер - Емполи, истото му го зборев на Марли, имало контакт со Барела при еден од головите... никој не ги суди тие контакти во последни 2-3 кола кога се брка титула, борба е за секоја топка, за секоја педа, и судиите дозволуваат повеќе контакти затоа што повторно, никој не сака да преземе на себе одговорност дека оштетил некого.
И не ме нервирај повеќе, имам работа.
#IoOut