Io Sono Interista
The original, one and only IoSono.
- Член од
- 21 декември 2007
- Мислења
- 29.040
- Поени од реакции
- 62.035
Баш да се надоврземе на муабетот за поклоните и фудбалот.
Еве, Јувентус има 2 порази по ред од Наполи и Порто и двата со поклон голови (пенал од Киелини без потреба и погрешно вратена топка од Бентанкур после 60 секунди игра).
Дали Наполи и Порто изиграа нешто особено добро? Не. Дали Јувентус заслужи 2 пати да изгуби? Да.
Дали утехата дека им поклониле голови на Наполи и Порто ќе донесат бодови во лигата или позитивен резултат од мечот во гости против Порто?
Секако дека нема.
Суштински, во дерби (каков што е Јуве - Интер) и во тешки мечеви (какви што се против Порто и Наполи на гостински терен), еден тим од рангот на Јуве и Интер не смее да си дозволи вакви поклони какви што си дозволија. После тоа, не може да му диктираш на противникот како да игра, затоа што те доведува на свој терен и те спушта на ниво да бркаш резултат при невозможни услови.
Затоа, во фудбалот кога правиш големи грешки, ама ич не е битно кој како играл, туку единствено ќе се паметат последиците на тие грешки и ќе останат запишани. Како на пример тоа што Јуве ќе игра финале и ако евентуално го добие, на Интер нема да му претставува никаква утеха играта во двомечот, поклоните и слично, кога ќе види уште еден трофеј на контото на најомразениот ривал (се што преостанува е да навивате за Аталанта).
Од друга страна, ако како последица од глупоста особено вчера, Јуве испадне втор пат по ред во осмина финале, џабе ќе биде туфкањето и плачењето, кога резултатот и последицата се оние кои се битни и видливи.

Инаку, нема полоша промена во модерниов фудбал од идејата да додаваат назад до голман. Ми се повраќа кога ги гледам тие ситуации.