Така бе, така треба...

а не како нас што сме за Милан, се плашиме месец дена да пишеме нешто вакво.
Па тоа ви се чудам, а и заборавив да го додадам во постот. Кои пички сте ејјј, ви е страв од реметот на Стек и Џонтра ц ц ц
Некои од вас тука пак убедуваа дека не сте биле кандидати за Скудето, срамота ејјј ^_^
Шала на страна, многу е чудна сезоната, трансфер периодот беше чуден, све е чудно...
Никој од тимовите не си дозволи луксуз да купува скапи играчи, дури никој не ризикуваше да продава играч и за добра сума доколку нема најдено замена.
Ради короната, најважно е кој клуб има најширок ростер на што повеќе квалитетни играчи, а од појаките тимови,Милан тука се најтенки.
Рома вака така во ЛЕ можеше да си дозволи да игра со бар 70% играчи од втората постава. На крајот на трансфер периодот се нервирав кога останаа Фазио, Хесус и Сантон, али се најдоа, какви такви изгуравме ЛЕ со нив, другите одмараат, па и во првенството кој ради корона кој ради повреда вршеа работа.
Милан од друга страна, натпреварите во ЛЕ мислам дека ги почнуваше со барем 70% играчи од првата постава, ако не се лажам, тоа веќе почна да им се удира од глава со повреди и замор..
Исто многу ми е чуден и Јувентус, после 9 години за прв пат ги гледам како екипа која незнае на моменти кај тера, прв пат да не можат да контролираат утакмица и со послаби екипи, едноставно не се тоа тоа што беа во последните 9 години..
Од друга страна Интер или ај да речам Конте ми се најголемо разочарување. Не очекував ваков развој на настаните за нив, мислев ќе ги доминираат малите екипи со Конте, а со најјаките ако не резултатски барем играчки да бидат рамо до рамо во голем дел од натпреварот... Изгледа не е Конте "шампионскиот" тренер кој ќе им смени менталитет и ќе ги однесе до титула, до ЛШ сигурно не, додека во Италија можеби ќе освојат ако Јувентус продолжи вака да ноншалантно да игра и доколку не изненади некој од Милан, Наполи или Рома со одлични игри во продолжение, ама тешко..
Лани првата утакмица на Кампот против Барса изгубија, ама изиграа екстра утакмица, си викав еве го ефектот на Конте,свака му час, тоа фалеше на овој тим, кога во иднина изненадувачки покажаа огромен пичкарски менталитет во битни утакмици и тоа со послаби тимови. Све е до менталитетот кога се игра битна утакмица, не може Шахтјор да го трускаш 5-0 за после неколку месеци да не можеш да го тепаш. Конте ме разочара за сите пари...