Serie A 2020/21

Шампион?


  • Вкупно гласачи
    129
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Сеа кога ќе распалат интерашиве дека топката не одеше накај гол хахаха

Чисти пенали се двата, ама мене ми е интересен скоро примитивниот страв што го имаат судиите да свирнат нешто против Јувентус. Шут кон голот, Рабио блок со рака, судијата тргнува во спротивен правец. По неколку секунди му текнува дека има ВАР и дека ќе биди резил, со тешко срце покажува кон белата точка. На другата страна Роналдо ја удира топката, во моментот кога го удира во раката играчот на Рома пеналот е веќе свирнат, на судијата му олесни.
 
Сега Рицоли ќе изјави дека на почетокот на сезоната ги смениле правилата за пенал за игра со рака, ама после галамата во првото коло пред второто пак ги смениле па затоа сега пеналот за Јувентус пак е чист...
 
Чисти пенали се двата, ама мене ми е интересен скоро примитивниот страв што го имаат судиите да свирнат нешто против Јувентус. Шут кон голот, Рабио блок со рака, судијата тргнува во спротивен правец. По неколку секунди му текнува дека има ВАР и дека ќе биди резил, со тешко срце покажува кон белата точка. На другата страна Роналдо ја удира топката, во моментот кога го удира во раката играчот на Рома пеналот е веќе свирнат, на судијата му олесни.

Vladimir, uno di noi!
 
Што им е проблемот на сите играчи што при ВАР играат вака со рака?

Размислуваат во тие моменти или послабо?

Топката поблиску му е до нога а тој пушта рака.
 
Пирло ханева тактиката досега тотално. Не знам зошто денес експериментира.
 
Се гледа веднаш импакт од Мората. Рома игра со играч повеќе заради него.

Колку се контравте со Донев и Челзијашите за тоа кој е подобар напаѓач помеѓу него и Лукаку пред неколку години.....сега од денешна перспектива смешно е да ги споредиш...едниот игра на високо ниво..другиот дното го допира.

Мората реално беше пристоен играч во првиот мандат на Јувентус и како резерва во Реал...од кога замина во Челзи не постои
 
Добро суди судијата бар до сега се беше чисто, освен можеби една корна што утна и не им досуди на Јувентус.

Рома засега подобри, ќе видиме во второ како ќе се носат кога Јувентус ќе направи 5 замени. Рома има далеку послаба клупа и тоа може да биде пресудно на крај.

Форца Рома :D
 
Него овој Спинацола каква машина е... Кога е здрав.
И кога игра офанзивен бек, во 5ка назад. Кога формацијата е 4ка, да го ставиш бек, многу е послаб. Али вака како офанзивен растура, не можаш да го препознаам, исто ваков беше и со Верона, оти послаб противник, минуваше и ствараше шанси кога ќе посака :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom