Гледам на големо се збори плејоф каде Јуве и Лацио автоматски би добиле место во полуфиналето, а би имало и 6 екипи, вклучувајќи го Наполи.
Ова може да функционира само доколку плејофот носи одредени бодови.
Како може Наполи со 25 бодови помалку да биде во можност да игра за титула?
Па Наполи е 15 бода и натпревар повеќе зад третопласираниот.
Ако се мисли на тој формат, на Наполи би му требале три победи за титулата. Па дури можат и без победи, нели, нокаут рунда е.
Какви се глупости се пишуваат на интернет само за клик повеќе, страшна работа.
А од друга страна ако стварно се деси ова, подобро воид да му направат на фудбалот во Италија, не на сезоната.