Лацио имаат сериозен проблем со поставување во одбрана и само заради тоа нема можеби нема да бидат шампиони. Просто невозможно беше колку им беше тесно поставена одбраната, и не им постоеше тој лев бек. За нивна среќа, таму играше Кандрева, со глава во земја, и ниту еден пас не погоди. Контри исто лошо бранат, имаа ситуација 7 на 4 кога примија гол.
СМС, страшен, одамна немам видено играч што онака може да прими пас и да смири топка под притисок, неверојатно нешто. Штета што нашиве не запнаа за него пред 2 сезони. Сега има да кошта 130-140 милиони.
Ериксен дно допира засега. Интер со пола ПЛ кај нив, Јанг, Санчез, Мозес, Ериксен, Лукаку.