Напротив, недоволниот квалитет на тимот според мене си го направи своето. Немој да ме сфатиш погрешно, далеку е Јувентус од слаб тим, ама зборуваме за она “нешто повеќе“ кое треба за да се освои ЛШ. Алегри два пати го однесе Јувентус до финале, не може тоа да е случајност. Главен проблем на Јувентус е средината, од Пирло, Видал и Погба се симнаа на Бентакур и Џан, мислам секоја чест за двајцата ама немаат доволен квалитет да бидат носители на играта на Јувентус, па и Кедира спаѓа овде. Друга работа е проблемот со Дибала, не знам дали се скарани со Алегри или дечкото потона сезонава, ама таков играч да игра толку слаба сезона ми е тотално чудно и нон сенс.
Носењето на Роналдо значеше многу за тимот, ама мораа повеќе да го надградат, нарочито во средниот ред. Де Шиљо побогу е стартен бек во Јувентус кој сака да освои ЛШ, за што зборуваме ние овде?
П.с. Да не бидам сфатен погрешно, си сноси и Алегри добар дел од вината, нема тука збор.