Serie A 2018/2019

  • Креатор на темата Креатор на темата Mondonico
  • Време на започнување Време на започнување

Дали Скудетото ќе остане во рацете на Јувентус?

  • Да

    Гласови: 82 50,3%
  • Не

    Гласови: 32 19,6%
  • Интер

    Гласови: 28 17,2%
  • Рома

    Гласови: 7 4,3%
  • Наполи

    Гласови: 7 4,3%
  • Милан

    Гласови: 20 12,3%
  • Фиорентина

    Гласови: 5 3,1%
  • Лацио

    Гласови: 4 2,5%
  • Друг тим

    Гласови: 3 1,8%

  • Вкупно гласачи
    163
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Наполи за 2-3 месеца заборавија да играат фудбал, и на припремите беа дно.
 
Тактички Карло го уби Лацио во второ полувреме.
 
Јувентус секоја година игра топло-ладно првите неколку утакмици, така да од првите 5 кола не треба да се суди.

6та година по ред Наполи победува против лацио на олимпико.

Второ полувреме одиграа одлично, генерално беа подобра екипа, имаа еден гол поништен, пречка погоди Зиелински. Во второ полувреме освен стативата на Ачерби од корнер, лацио немаше сериозна шанса. Заслужена победа

Туку секоја чест за Милик. практично година ипол нема играно фудбал, на два пати пропушти сезона од повреда ради која фудбалери завршиле кариера или значела директно праќање у треторазреден клуб. И пак е ѕвер, верувам дека ќе даде 15+ гола сезонава, ако е здрав и ако претежно игра прв тим.
 
Лелелеллеле по 10ти пат ќе пишам.СМС ако вреди 120,јас
23 вредам
 
Абе добар играч е СМС ама класика после една добра сезона го дигнаа во облаци, 100+ милиони вредел, класа, ваков онаков, и нема да ме чуди да проработи балканското кај него и да го снема од мапата. Или, во случај да си остане одличен играч каков што е развојот да си оди постепено, а не преку ноќ грагау 3243224 милиони за него и ајдее ура.
 
Почнаа постовите од типот ако СМС вреди толку, јас вредам онолку. Минатата беше Белоти, а оваа СМС.

Нормално дека ја нема достигнато таа цена што ја бараат, ама да не очекувате после таква сезона Лотито да го даде за 60 мил кога цела европа го следи.
Лошо светско изиграа и други играчи и по еден натпревар во лигата не може да се предвиди дека следува лоша сезона и ќе му падне цената.

Оние што изиграа добро европско, освоија и напумпаа цени ги снема од фудбалскиот свет.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Поентата е шо лани се надмина себе си, и не може на играч да му се суди по една сезона дали вреди или не. Ама да го споредуваш со Модрич, ко шо имаше кај нас на форум, треба да си скроз забеган. Сеуште е далеку од тоа ниво на везњаци, што не значи дека нема у наредни 10 години да го достигне.
 
Мене ми беше многу јак Кежман, со секој добар месец, на СМС цената му растеше на трансфер маркет, а овој секој месец постираше скриншотови од растот.

Веќе 2-3 месеци, радио тишина.
 
Само што започна сезоната и повеќето од играчите не се влезени во полна физичка спремност. Така да очекувам и Савич да ја подигне формата за месец-месец ипол.

Мојот пост беше чисто за ремет на напумпаната цена по лошо изиграна утакмица, инаку далеку од тоа дека е one season wonder. Утре да ни го понудат (теоретски) со две раце ќе потпишам. Инстант стартер би бил во било која екипа во Италија.
 
Аман бе луѓе досадни сте со цента на СМС, толку вредел волку вредел, колку сакаа толку ќе му бара, а дали некој ќе го купи за толку ќе видиме. Еве ако ви е полесно вреди 20 милиони сега
 
Поентата е шо лани се надмина себе си, и не може на играч да му се суди по една сезона дали вреди или не. Ама да го споредуваш со Модрич, ко шо имаше кај нас на форум, треба да си скроз забеган. Сеуште е далеку од тоа ниво на везњаци, што не значи дека нема у наредни 10 години да го достигне.

Мене најсмешен ми беше Кимче кој напиша дека Реал би имал страшен среден ред со СМС-Модрич и Крос заборавајќи го Иско..а Иско за СМС е Зидан....го направија господ дека играл во Лацио..па Зарате како Меси изгледаше кога играше кај нив па го видовме кога дојде во Интер.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom