Во право си за повеќето напишано ама и во Премиер има екипи кои се материјал за Серија Б. Еве Евертон на пример кој прими 8ца со кромид од Аталанта

Не памтам Аталанта така некој да ишљакала од времето кога играше Каниџа за нив.
Да, да и Челзи проплакаа од Рома.
И Наполи загуби од Сити сезонава.
Не е муабетот за тие професионалните екипи кои се 10 на број у Италија (за оваа сезона) - Јувентус, Рома, Милан(иако под монтела бевме дно), Наполи, Интер, Лацио, Аталанта, Торино, Сампдорија (иако варираат од сезона у сезона), Фиорентина, ај ќе ги ставам и Удинезе откако Одо им е тренер (иако и они варираат од сезона во сезона). Болоња се meeeh.Овие екипи се релативно океј за нивото на кое што се (иако секако, фалат појаки милански екипи на топ левел што е несомнено).
Ама Каљари,Џенова,Киево,Спал, Верона, Сасуоло, Кротоне не се професионални екипи. Беневенто не ни сакам да ги споменам. Тие екипи се неспоредливи со оние 12-20 од Англија.
тука италија заостанува енормно многу во споредба со нив, а дури и со Шпанија, може да се каже и Германија.
Колку и да го сакам италијаското неможеш бе Кротоне, Каљари, Киево и таквите да ми кажеш дека се екипа во споредба со Вест Хем, Кристал Палас, Њукасл, Стоук, Свонси, новиве Брајтон и Хадерсфилд исто се сосема солидни ко за нововлезени.
Тоа се екипи што комотно си ги купуваат од ваквиве оние едносезонски вондери и потенцијали од Италијанско, можат да си ги дозволат истите. Толку се како финансиски надмоќни над овие, а и предизвик им е на тие играчи да играат у Англија у такви просечни екипи, во добар дел ради самата компетитивност и левел на лигата.