Serie A 2017/2018

  • Креатор на темата Креатор на темата Марли
  • Време на започнување Време на започнување

Koj ќе биде шампион оваа сезона


  • Вкупно гласачи
    261
Статус
Затворена за нови мислења.
Нова сезона - нова тема.
Иако очекував посериозен и посодржен вовед од страна на Марли, сепак се потрудил да напише нешто. Сполај му за тоа! :)

Оваа сезона се најавува како една од поинтересните со оглед на враќањето на Милан (според трансферите, коишто ги направи) од (полу)мртвите. Навивачиве на Милан се многу оптимисти и оправдано, пред сѐ од аспект на тоа дека не жалат пари за играчи. Како во иднина ќе се одвиваат работите со фамозниот ФФП и мафијашка УЕФА никој од нас со сигурност не знае. Сигурно Фасоне и МираЛеби знаат што прават.

Јувентус и сезонава фаворит број 1 според мене за освојување на Серија А. Што се однесува до купот мислам дека ќе имаме нов освојувач. Можеби ја разнишаа малку одбраната со заминувањето на Бонучи во братскиот им Милан, но ги имаат Ругани и Бенатија, а не ја исклучувам можноста да купат уште 1 ЦБ. Нападот им е топ, освен ако не им замине Дибала. :)

Интер со најдобрата средина во Италија се засили со уште еден одличен играч во името на Борха Валеро. Искусен и многу корисен играч. Искуство и пред сѐ стабилност добиваат и со Спалети. Како и да е сезонава ќе бидат тврд орев. :)

Наполи не се засилија нешто, а исто така не продадоа ништо. Секогаш се фаворити за топ 3. Ќе видиме како ќе се одвиваат работите. Читам исто се сериозно заинтересирани за Кеита Балде и др. играчи.

Рома гледам е многу потценета сезонава. Овде се пишува демек е ослабена со заминување на 2 клучни играчи. Рома е ослабена само на позицијата десно крило (Салах), но ако евентуално дојде Марез мислам дека квалитетот ќе се задржи. Се трубеше овде до 31 мај како Рудимбе е чист просек за одеднаш на 01 јуни да биде голема загуба за Рома. Значи контрадикторност в крај. Паредес исто замина, но во средина дојдоа 2 играчи, коишто во ништо не се полоши од Паредес. Така да времето ќе покаже.

Фиорентина, Лацио, Торино и Аталанта ќе бијат битка за позициите кои водат во ЛЕ.
За опстанок ќе е малку матно. Иако новајлииве се најголеми кандидати, никогаш не се знае. Јас би сакал Џенова и Сампдорија да отпаднат. :)

Значи накратко Јуве фаворит, Наполи стандард 2-3 место, сѐ друго енигма!
 
Баш така, Рудигер цела година го сметат за просек и катастрофа за да кога си отиде за 40мил истите да зборат дека е загуба за Рома неговото заминување :)

Да си отидеше Манолас тогаш навистина ќе беше голема загубата, вака нот биг диал, го Хектор Морено плус Коларов кој може да игра штопер, а и се шпекулира дека ќе донесат уште еден централен бек, кој ќе биде 5ти во тимот, е сега дали ќе се дрзнат за некој јак и скап, незнам..


Рома на две позиции е потенцијално ослабната, тренерската и голманската.. незнаеме што да очекуваме од Алисон и Ди Франческо. Алисон не е лош, поголем потенцијал е од Шчезни, имаше многу негодувања зошто уште ланската сезона не го оставија да брани како прв голман. Али ради неконстантно бранење, моментално целокупно е послаб голман од Шчезни, затоа и велам дека сме ослабени..

Ди Франческо е уште поголема енигма, да останеше Спалети ќе бев спокоен дека Рома завршува во топ 3, вака ама ич не сум.. останува да видиме во текот на сезоната дали има капацитет да води голема екипа како што се покажа дека е надежен или ќе ја заебе работата па ќе си спакува куфери на пола сезона..


Не спомнав дека сме ослабени на позиција десно крило, бидејќи Марез или некој друг, секако се планирани 30+ мил за десно крило
 
Пред 10 години. Чисто за споредба :)
20620987_10155125248682851_2245378665505477224_n.jpg
 
Страшна екипа имат, си ја знаат играта, како што и кажав пред некој ден, наполи е главен фаворит за освојување Сериа А после Јувентус...
 
Уиграни се, али тенката клупа може да ги сјебе како и секоја прошла година. Од овде 2-3 да им се повредат, значително ќе им се ослабни играта... Незнам што мисли АДЛ, оваа година го добиваат другиот дел од парите за Игуаин, а ништо не пазарат, играч не купија летово[DOUBLEPOST=1501641858][/DOUBLEPOST]Гасперсон :cool:

Screenshot_2017-08-02-04-42-25-1.png
 
Последно уредено:
Лево крило и лев бек купија. Ги откупија Максимович и Рог. Сигурно ќе земат нешто после 20 август кога ќе се знае дали ќе се квалификуваат за лш.

Кај нив првите две измени се стандард, Рог и Диавара. Оваа година за да се борат за титула треба да ја имаат истата среќа и ниеден играч да не им се повреди.
 
Уиграни се, али тенката клупа може да ги сјебе како и секоја прошла година. Од овде 2-3 да им се повредат, значително ќе им се ослабни играта... Незнам што мисли АДЛ, оваа година го добиваат другиот дел од парите за Игуаин, а ништо не пазарат, играч не купија летово[DOUBLEPOST=1501641858][/DOUBLEPOST]Гасперсон :cool:

Прегледај го приврзокот 175132

Унас од Бордо... 10 милиони
 

Кој фудбал го играт овие ненормалните ејј, не е можно ова
mi se smeea stekot i mario pred nekolku meseci koga rekov deka sari e idealen za barsa, od edna strana go igra nivniot fudbal, od druga ke im go dousovrsi sistemot u odbranata, kade e najtenok i moze da trpi promeni. Jak trener e sari, moze vo golem klub nadvor od italija bez problem, mega jak e.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom