Serie A 2017/2018

  • Креатор на темата Креатор на темата Марли
  • Време на започнување Време на започнување

Koj ќе биде шампион оваа сезона


  • Вкупно гласачи
    261
Статус
Затворена за нови мислења.
Жао Марио со другарите и со кинезчињата од Сунинг го гледале мечот Баерн-Милан, и после победата на Милан се погледнале у решиле дека сега имаат одговорност и они да победат :icon_lol::icon_lol:

"The evening we were with Suning's tops, at dinner at the head of the" "Milan beat Bayern. We looked into our eyes and we felt a sense of challenge, a greater responsibility."

:cuc::cuc:
 
аирлија нова тема :)
да се надеваме на интересна и неизвесна сезона во Италија.

Мислам дека сезонава сериозно се враќаат Милан и Интер(заради Спалети, кој реално да збориме за неговите претходници е ТРЕНЕРИШТЕ) и нема да имаат епизодни улоги и очајни сезони.

По тоа што се глеа на трансфер пазарот, Милан страшно се наметнува за топ 3 па и повеќе, да не звучам пред време премногу амбициозен.
Мислам дека чуваат уште некој boom трансфер за до крај на август (ја искрено се надевам дека ќе дојде некое екстра напаѓачиште - белоти и плус као кинески поклон да ни дојде Ибрахимович од ноември). Солидни супер засилувања, кои ветуваат многу, сите скоро млади дечки, освен Биља и Бонучи, кои не се претерано старчишта. Плус, остана донарума во милан.

Јувентус, сериозно си ги покрива дупките на крилните позиции, ќе бидат далеку поопасни од претходно. Иако мислам дека им се наѕира еден проблем, кој може нема да се одрази сезонава туку ќе почне за некое време - староста на играчите од одбрана. И сеа ќе ми го спомнете Ругани, кој реално е далеку .

Интер, сe засилија со Скриниар и со Валеро.... не се лоша инвестиција типциве, реално да збориме... иако останува огромна дупка во нивната одбрана, посебно на бековските позиции на кои што мора да поработат летово... бидејќи последнава сезона точно тие беа причината зашто интер имаше толку очаен пласман... едноставно преголеми дупки беа во одбрана, а едно засилување е многу малку...Но, сеа од ново почнуваат, со нов тренер и се надевам дека и они ќе бидат доста поозбилни и ќе загризат повеќе на пазарот.

Рома си продаде 2 клучни играча, купија неколкумина (дефрел и двајцава од низоземска, морено и карсдорп) и секако Коларов...
Мислам дека Ди Франческо им е интересна варијанта за тренер и дека ќе има позитивности неговиот ангажман... но според мене не може да се очекува нешто повеќе во неговата прва сезона на чело на поголем клуб во Италија, но останува да видиме.

Наполи не е нешто којзнае колку активен на пазаров... нит продадоа нит купија. Сеа се поискусни како колектив и очекувам и они многу посериозно од лани да се доближат кон првото место за разлика од претходниве години. Плус, сеа го имаат Милик жив и здрав... Со уште едно добро засилување можат многу посериозни да бидат. Исто така, МОРААТ да се пикнат во ЛШ. едноставно мора! веќе 2 сезони глеаме по 2 екипи од италија во ЛШ... тоа е засрамувачки податок за лигата генерално.

Лацио и Лукас леива како главна аквизиција досега доволно говорат, иако имаат солиден тим...
Но мислам дека пак ќе паднат ко што беше втората сезона со Пиоли. Не очекувам топ 4 пласман од лацијаливе сезонава.

Фиорентина а.к.а тинекс. Распродадоа се што имаа a купуваат стрикно анонимни релативно млади играчи ... сеа и вичино ако им отиде, стварно ќе нема причина да се спомнат... caмо недај боже да ни го шитнат усташот, нека си остане таму :)

Морам да кажам дека ми е криво за аталанта, бидејќи стварно беа нешто позитивно лани, ама ете... и они се сведоа на шопинг центар за поголемиве...

Во лигава влегоа уште неколку селски екипи како спал и беневенто кои ќе си бидат заковани на дното и повторно ќе глеаме мртов долен дел од табела со екипи кои живуркаат ко гниди (киево,џенова и тн) без никаков просперитет.

И да, многу интересно е што ова лето многу рано почнаа јаки трансфери да се прават... Имаат повеќе време екипиве да се воиграат и да се навикнат новите играчи и тренери на средината во која што доаѓаат. Не се чека 20 август ко порано и тогаш да се настапи на сцена.

Да се надеваме на "интересен и исполнет со трансфери" август и уште поголеми очекувања за новата сезона во италија. едвај чекам да почне новата сезона, делумно пошо милан со новите вложувања најавуваат враќање на стари патеки, делумно поради тоа што и Интер сеа имаат нов по-озбилен тренер и фактот што ќе има поголема борба за првите 4 места, пошо нели водат во ЛШ следната сезона, како и фактот што мислам дека јувентус нема да биде шампион.

FORZA SERIE A!
 
Фиорентина а.к.а тинекс. Распродадоа се што имаа a купуваат стрикно анонимни релативно млади играчи ... сеа и вичино ако им отиде, стварно ќе нема причина да се спомнат... caмо недај боже да ни го шитнат усташот, нека си остане таму :)
Кој,двајца имаат,и двајцата се просеци,и двајцата се поврзуваат со Милан :facepalm:
 
Морам да кажам дека ми е криво за аталанта, бидејќи стварно беа нешто позитивно лани, ама ете... и они се сведоа на шопинг центар за поголемиве...
Аталанта освен Конти и Кеси летово не продадоа ништо. Во напад им останаа Петања, Куртиќ и Папу Гомез плус го земаа Корнелиус кој важи за талентиран напаѓач (барем така се збореше). Го земаа и Јосип Иличиќ од Виола, истотака на позајмица од Јуве им стигна Орсолини млад и убер талентиран крилен напаѓач.
Конти го заменија со Кастањ, во одбрана им останува Калдара, Спинацола исто а можно е у средина да го вратат и холанѓанецот Мартен де Рон за кој лани им земаа 15тина милиони евра на Боро, таму им беше еден од најдобрите играчи.

Немаат гајле Аталанта, Гасперини им е добар тренер, ќе се моткаат од 5-7мо место сигурно. И Виола исто, ова им е на некој начин смена на генерација, ќе скоцкаат добро тимче сигурно, добар им е тој директорот знае да ископа таленти, башка и Пиоли е супер тренер за таков тим.

Виола, Лацио, Аталанта, Торино и Сампдорија ќе праат интересна битка за Лига Европа.
Јуве, Наполи, Интер, Милан, Рома за горните позиции.

У долниот дел уште една сезона каде ќе нема возбуда за опстанок, Киево, Џенова, Болоња и остала багра ќе си кулираат над цртата цела сезона.
 
Абе зошто секоја година Киево го ставате во тимови кои се борат за опстанок, нели научивте дека Киево не испаѓа од сериа а:kafence:
 
Хосе Ангел, бивши играч на Рома, веднаш конкурира на Кондогбија :kafence:
@Џони Вајсмилер искрши џојстик поради овај Хосе Ангел ко игравме ПЕС. Го избракаја од локалот му се закнаија дека доживотно нема да влези поќе да игра :pos::pos: и то баш поради вакви киксој со него шо праеше, 3 утакмици поради Хосе Ангел ги губеше гриблото :pos:
 
@Џони Вајсмилер искрши џојстик поради овај Хосе Ангел ко игравме ПЕС. Го избракаја од локалот му се закнаија дека доживотно нема да влези поќе да игра :pos::pos: и то баш поради вакви киксој со него шо праеше, 3 утакмици поради Хосе Ангел ги губеше гриблото :pos:

супер инфо, тоа е тоа што ми требаше да ми добие животот смисла. Авантурите на Џони Експертиза низ играчниците ширум Битола.
 
Vidal
Vida
Vid
Vi
V
Ve
Vec
Veci
Vecin
Vecino

#InterIsComing

giphy.gif
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom