Serie A 2017/2018

  • Креатор на темата Креатор на темата Марли
  • Време на започнување Време на започнување

Koj ќе биде шампион оваа сезона


  • Вкупно гласачи
    261
Статус
Затворена за нови мислења.
Знаат многу подобро од мене и веројатно од мнозинството што не се во тој бизнис. Ама и другите клубови имаат луѓе што знаат што праат, па колку клубови успеале таков резултат да имаат? Сите знаат да направат бизнис-план, не сите успеаваат да го имплементираат и реализираат. На секој еден што успева има 10 што не успеаваат. Нереални се такви проекции во вакви индустрии со толку варијабли. Премногу ризик, треба толку многу коцки да се наместат, што е скоро невозможно.
И не мора да значи дека фрлаат пари во вода, комлицирани работи се во прашање. Пола од инвестициите во фудбалот во последните две декади се од горе-доле нефудбалски мотив. :)

Манчестер не е добар пример во никој случај, за ниеден италијански клуб. Голем дел од успехот на Јунајтед е врзан за успехот на Премиер лигата. Парите што ги генерира ПЛ се неспоредливи за останати лиги, а особено за италијанската лига. Од медиумски права, лиценци и сл. ПЛ годишно, мислам, генерира скоро двојно пред најблискиот конкурент, Примера. Италијанската е далеку подоле, веројатно на 4-то место. Сеуште, најголем дел од парите клубовите во Италија ги добиваат од телевизиски права. Приходите од маркетингот, од match-day, дресови, лиценци, од други споредни дејности, се далеку помали, дури смешни, кога ќе ги споредиш со оние од ПЛ или со двата џина од Примера. Ни во најоптимистичките прогнози, Милан не може да го има патот на Јунајтед.
Врзан круг е во прашање. Кога италијанската лига беше најпопуларна лига во светот, Италијанците го искористија моментот за да ги пренесат сите коруптивни практики во неа. Во меѓувреме, Англичаните идеа по светот и викаа дека ја имаат најдобрата лига. Премиер лигата е единствената која е водена како бизнис од зачетокот, тоа си дава резултати.

Овој Фасоне, претходно беше и во Интер ако не сум грешка, дури и CEO беше. И таму ги даваа истите изјави. Ќе го освојувале пазарот во Азија...... со влечење по терен со Палермо, Кротоне и Сасуоло. Сите знаеме како заврши тоа. :D
Не викам дека типот не е добар во својата работа или не си ја знае индустријата, напротив. Професионалец е, ќе го каже тоа што треба да го каже.
Далеку од тоа дека Милан ќе пропадне, или ќе банкротира, тоа е невозможно. Под неуспех не подразбирам ништо трагично, само промашување на таргетите со резулатите и да дојдат во ситуација во која ќе треба да го продаваат клубот, за кој секогаш ќе има купци. Најстрашното што би можело да се случи е да имаат неколку изгубени години.

Иначе во врска со картите, Милан и Интер го имаат истиот проблем, немаат стадион. Приходите од продажбите на карти секогаш им се движат околу 20-30 милиони годишно. Интер пред некоја сезона беше клуб со најголема посетеност во Италија, и пак приходите се движеа околу 30-на милиони. Мислам дека договорот за закуп со општината им е таков што дел од приходите, некој процент, ги добива она. Плус расположливиот доход на населението во Италија, дури и во најбогатите региони во Северна Италија, е помал од земји како Германија или Англија, тоа става рамка на висината на цените на билетите. Колку ќе продаваш и на кого ќе продаваш. Истото важи и за останатите производи. Јуве со свој стадион, па годишно не стигнува ни до 50 милиони од билети.
Исто е и со спонзорствата и бенефитот од маркетингот, и двете зависат од тоа колку ти е видлив клубот. За жал италијанската лига е многу неатрактивна во глобални рамки, без разлика на тоа какви успеси имаат тимовите во европски натпреварувања. Еве и Јуве се мачи константно со тоа.
И двете работи имаат горна граница, нереално е од нивен раст да се проектира некој сериозен раст на приходите.
Во ред е дека тв права во пл имаат влијаени за приходите на јунајтед. Ама не е само тоа. Доколку имаш огромна фан база можеш доволно големи приходи да напраиш. Може колку сакаат да ги заебаваат со тоа за продадени дресови али тоа во никој случај гне смее да се потценува. И Милан и Интер доколку добро се воспостават на Азискиот пазар особено кинескиот пошто ипак пола популација е скоро таму ќе имаат големи приходи. Само треба паметно работење носење по некое звучно име добри резултати и другото само ќе си дојде по себе. Моментално Милан ако фејлне ќе е кривица само на Монтела и никој друг. Си доби играчи што ги бараше. Има многу појак состав од лани и целта за оваа сезона му е пласман во ЛШ. Доколку не успее во тоа тогаш ќе е пропадната сезона и ќе јаде клоци. Воопшто нема да е кривица на менаџментот. Пошто скоро сите играчи се донесени за Разумни цени освен Андре Силва кој појма неам како игра и ми е голема енигма. А другите горе доле се донесени за ок цени со оглед на денешниот трансфер пазар. Па и да фејлнат пошто од 10тина трансфери нема никакви шанси сите да се погодат па ќе држат цена пошто сите се прилично млади и ќе може да се врати нешто од парите. Ама како и да е сега се останува на Монтела. И доколку Милан не ги исполни целите на играчки план што ќе влијае и на финансиски ќе е негова кривица само а не на менаџментот.
 
Кривицата нема да биде на Монтела, туку повторно на менаџментот, бидејќи пресметале дека е доволно добар со овој ростер да извади пласман во ЛШ
 
Кривицата нема да биде на Монтела, туку повторно на менаџментот, бидејќи пресметале дека е доволно добар со овој ростер да извади пласман во ЛШ
Па кажи по која основа би го смениле? За да сметаат дека не е доволно добар за тоа?
 
Па кажи по која основа би го смениле? За да сметаат дека не е доволно добар за тоа?
Па тие треба да си предвидат, можеби кога веќе дадоа 200мил за играчи, можеби подобро би било да одат на некој поискусна варијанта кога е во прашање тренерот
 
Па тие треба да си предвидат, можеби кога веќе дадоа 200мил за играчи, можеби подобро би било да одат на некој поискусна варијанта кога е во прашање тренерот
Не мора да значи дека ако е поискусен поубаво ќе се снајде со тие играчи. Нема никаква основа сеа да го избркаат Монтела и го сменат со друг тренер. Ете и Интер го стави Манчини како поискусен тренер докажан во Италија па виде што им се случи. Така да воопшто нема да е кривица на управата. 90% од играчите се донесени по желба на Монтела. Доколку не успее негова кривица се. Никоја управа на свет не може да предвиди тренерот и тимот каква сезона ќе има. Не се јасновидци па да знаат тоа.
 
@Dejan <3 Viola Па од продажбава на играчиве ваши имате профит одприлика негде 70-80 милиони и некој милион + ако замине Калиниќ... Зошто носите засилувања од Астон Вила и ФК Доњи Срем?
 
@loophole гаѓа во центар со постот и било каква споредба со маркетингот, парите, одржливоста на пазар и можноста да го купат сфетот Манчестер Јунајтед е апсурдна затоа што тоа што сега сакаат да го прават сите, Манчестер го прави 15-20 години наназад и за да се земе како пример е апсурд. Манчестер може да се земе како цел за наредни 15 години а не за 2-3 или 5.
 
Denot koga mislea deka ni go nabija do grklan..i 2 godini posle :)IMG_2330.JPGIMG_2330.JPG
 
Oдличен играч, само мотивационо е скршен и не му оди. :( Иначе во друг тим каде ќе нема притисок ќе биде топ. ;);););)
 
Шо ви е бе,оваа година ликот лапа златна топка,како само ги игра пријателските :cuc:
 
Биља у овој свет не би играл прва постава у Интер. Добар играч е и све тоа само се осврнав на муабетот на хк пу дај пај за Валеро, демек главен играч у Фиорентина а вие сте го купиле капитенот на Лацио кој заврши пред Виола :) а истиот тој до 28 години играше у белгиска лига.

За бековите на Интер се слагам, Интер нема бекови, друго, не реков дека Конти не би играл у Интер, види го истиот тој хк пу дрка и си праи филмови дека го испцул Интер пошто е навивач на Милан хахахахаха
За Родригез не коментирам ништо, ја го сакам у Интер 3 години веќе.

За Мусачо со ништо не можеш да ми гарантираш дека е боље играч од Муриљо/Миранда или Шкриниар ај овој последниов е енигма реално исто ко и вашиот со оглед на тоа што има 2 операции на лигаменти. За Бонучи и мене не ми се праи муабет ама Неста ако продужи да игра ко ланската сезона, ќе праиме и те како.

Кеси и годините е форсирање, се приметува мислам, иаме и ние еден ист таков црнец у состав лани што ве одјеба. :icon_lol:

Па има бе Интер 80% спремен тим, фалат уште ситници, 2 бека и едно крило. Милан ако бил толку квалитетен што заврши пред Интер лани кажи ми зашто потроши над 200 милиони евра и донесе 10 нови играчи за у прв состав? Вие се палите дека купувате играчи а не некој изразит квалитет ко Бонучи на пример.
Ко што кажа и Урко, Милан сеа за сеа има боље одбрана од Интер, друго мало морген.

Ок и Милан е појак од Интер ако ги рачунаме Модриќ, Обамејанг, Роналдо и Ибра као играчи на Милан.

Мусачо е класа. Најдобар дефанзивец во Калчо.
 
@Dejan <3 Viola Па од продажбава на играчиве ваши имате профит одприлика негде 70-80 милиони и некој милион + ако замине Калиниќ... Зошто носите засилувања од Астон Вила и ФК Доњи Срем?
Па реално и нема од кај да носиме,со денешниве цени тоа е.Треба да се крпи цел тим а со 100 мил што попрво,веќе потрошивме 30+ на одбраната.А тоа што земаме играчи од вакви клубови и за прилично ефтини пари (5-10 мил) не значи дека не се квалитетни (за ЛЕ што и ни е приоритет),земи го за пример Санчез што го зедовме баш од Астон Вила лани,еден од најдобрите ни беше минатата сезона.Калинич исто од Днипро дојде за 5 мил за после година и пол да ни нудат 50 кинезите,а да не ги спомнувам Алонсо (1мил),Весино (1мил) ...Сите ние сакаме топ засилувања али реалноста е друга и навикнати сме на ваквата политика на клубот,башка почнува изградбата на стадионот и треба да се штеди ;)
 
@loophole гаѓа во центар со постот и било каква споредба со маркетингот, парите, одржливоста на пазар и можноста да го купат сфетот Манчестер Јунајтед е апсурдна затоа што тоа што сега сакаат да го прават сите, Манчестер го прави 15-20 години наназад и за да се земе како пример е апсурд. Манчестер може да се земе како цел за наредни 15 години а не за 2-3 или 5.
https://www2.deloitte.com/uk/en/pag.../articles/deloitte-football-money-league.html

https://www2.deloitte.com/uk/en/pag...ticles/annual-review-of-football-finance.html
Еве ако некој е позаинтересиран за тематиката, погоре се два линка до извештаи кои Делоит ги прави годишно за клубските финансии. Нивните извештаи се едни од подобрите, плус со години наназад се едни од ретките кои обрнуваат внимание на фудбалот, така да даваат добри финансиски информации.
Ако некој го интересира директно за финансиските извештаи што самите клубови ги објавуаат, за скоро сите клубовите од ПЛ и за мнозинството од германските клубови можат лесно да се најдат на нивните веб-страни. Италијанските се друга приказна, освен Јувентус, кои мислам редовно ги објавуваат.
Може многу интересни трендови да се забележат.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom